B[e]-ѕвезда или ѕвезда од типот B[e] — ѕвезда од типот B со изразени забранети неутрални или нискојонизирани оддавни линии во нејзиниот спектар. Ознаката е здружување на спектралната класа B со буквата e што значи лачење, а квадратните загради околу него ги означуваат забранетите линии. Овие ѕвезди често покажуваат и силни водородни оддавни линии, но ова е одлика и на разни други ѕвезди и нее доволен услов за телото да биде од типот B[e]. Други видливи особини се оптичката линеарна поларизација и често инфрацрвеното зрачење кое е многу посилно отколку кај обичните ѕвезди од класата B, наречен инфрацрвен вишок. Бидејќи B[e]-одликата е минлива, ѕвездите од овој тип може да стекнат нормален спектар од типот B, а досга нормалниоте ѕвезди од типот B може да станат ѕвезди од типот B[e].
Многу Be-ѕвезди имаат спектрални необичности. Една од овие е присуството на забранети спектрални линии од јонизирано железо, а понекогаш и други елементи.[1]
Во 1973 г. е проучена ѕвездата HD 45677 (FS CMa), која покажала инфрацрвен вишок како и забранети линии на [OI], [SII], [FeII], [NiII] и многу други.[2]
во 1976 г. е направено проучување на Be-ѕвезди со инфрацрвени вишоци каде се покажал одека дел од нив покажуваат забранети оддавни линии од јонизирано железо и извесни други елементи. Сите овие ѕвезди се сметале за различни од класичните Be-ѕвезди од главната низа, иако се состојат од најразлични типови . Поимот B[e]-ѕвезда е измислен за да ги опфати овие ѕвезди.[3]
Еден вид на B[e]-ѕвезда се лесно се одликува како високосјаен суперџин. Кон 1985 г. во Магелановите Облаци биле познати осум B[e]-суперџинови обвиени во прашина.[4] За други е дефинитивно утврдено дека не се суперџинови. Некои биле двојни, а други протопланетарни маглини: се применува „B[e]-појава“ за да се нагласи дека различни видови ѕвезди можат да имаат ист вид на спектар.[5]
Откако е утврдено дека B[e]-појавата може да се случи кај неколку различни видови ѕвезди, определени се четири поттипови:[6]
Самото забрането зрачење, инфрацрвениот вишок и други одлики укажуваат на природата на ѕвездите. Ѕвездите се обиколени од јонизиран гас кој дава силни оддавни линии исто како Be-ѕвездите. Гасот мора да биде доволно раширен за да дозволи образување на забранети линии во надворешното малогустинско подрачје, и за да се создаде прашината која го дава инфрацрвениот вишок. Овие одлики се заеднички за сите видови на B[e]-ѕвезди.[8]
sgB[e]-ѕвездите имаат врели и брзи ветришта кои произведуваат простран околуѕвзден материјал, како и погуст екваторски диск. HAeB[e] се обиколени со остатоци од молекуларни облаци кои се создаваат во ѕвездите. Двојните B[e]-ѕвезди можат да создадат дискови од материјал како што истиот се префрла од една ѕвезда во друга по пат на прелив од Рошеовата шуплина. cPNB[e] се ѕвезди по асимптотската гранка на џинови кои се ослободиле од сета своја атмосфера откако стасале до крајот на животот како активно соединувачки ѕвезди. FS CMa-ѕвездите се двојки со брзовртечка составница што губи маса.[8]
|