Компаративните геномски анализи доведоа до идентификација на 27 белковини кои се присутни во повеќето видови на коленото Bacteroidetes. Од нив, една белковина се среќава во сите секвенционирани видови на коленото Bacteroidetes, додека други две белковини се среќаваат во сите секвенционирани видови со исклучок на оние од родот Bacteroides. Отсуството на овие две белковини во овој род најверојатно се должи на селективено губење на гени. Освен тоа, утврдено е дека четири други белковини се присутни во сите видови на коленото Bacteroidetes освен во Cytophaga hutchinsonii, што повторно најверојатно се должи на селективен губиток на гени. Уште осум други белковини беа утврдени дека се присутни во сите секвенционирани Bacteroidetes видови освен во Salinibacter ruber. Отсуството на овие белковини може исто така да биде резултат на селективно губење на гени, или поради длабокото разгранување на S. ruber во филогенетските дрва што би значело дека гените за овие белковини еволуирале дури после дивергирањето на С. ruber. Исто така беше идентификуван CSI (анг. Conserved signature inserts and deletions) и претставува губиток на секвенца од три аминокиселини во ClpB шаперонот, а е присутен во сите видови на Bacteroidetes освен во S. ruber. Овој губиток исто така е најден во еден вид од коленото Chlorobi и една археа, што најверојатно е резултат на хоризонтален трансфер на гени. Овие 27 белковини и губитокот на секвенцата од три аминокиселини служат како специфични молекуларни маркери за коленото Bacteroidetes.
Сродство на колената Bacteroidetes, Chlorobi и Fibrobacteres
Видовите од колената Bacteroidetes и Chlorobi се разгрануваат многу блиску едни до други во филогенетските дрва, што укажува на блиска сродност. Со употреба на компаративни геномски анализи, беа идентификувани три белковини кои подеднакво ги споделуваат сите членови на колената Bacteroidetes и Chlorobi. Неколку CSIѕ уникатно споделувани само меѓу членовите на овие две колена исто така биле идентификувани. Присуството на овие молекуларни обележја е потврда за сродство.[5] Во дополнение, малубројното колено Fibrobacteres се теоризира дека има блиски филогенетски врски со двете колена. Филогенетските анализи засновани на голем број различни белковини дури го поддржуваат постоењето на таксон од повисоко ниво кој ги опфаќа сите овие три колена. Овие колена исто така доследно се разгрануваат на иста позиција врз основа на CSIѕ во повеќе важни белковини.[6] Најважни од сите показатели за заедничко потекло се два CSIѕ (во RpoC-белковината и во ензимот серин хидроксиметилтрансфераза) и специфичната белковина PG00081 кои исклучиво ги споделуваат видовите припадници од овие три колена. Сите овие резултати се убедливи докази дека сите три колена споделуваат заеднички предок, што доведе до предлогот тие да се обединат во едно заедничко суперколено со акроним "FCB".
Моментално прифатената таксономија е заснована на Списокот на имиња на прокариотите со евиденција во номенклатурата (анг. List of Prokaryotic names with Standing in Nomenclature - LPSN)[8] и Националниот центар за биотехнолошки информации (анг. National Center for Biotechnology Information - NCBI).[9]
Род?"Bifissio" ♠ Xin & Zhou 2001
Вид "Bifissio spartinae" ♠ Xin & Zhou 2001
Род ?"Candidatus Cardinium" Zchori-Fein et al. 2004
Вид "Candidatus Cardinium hertigii" Zchori-Fein et al. 2004
Род ?"Candidatus Paenicardinium" Noel and Atibalentja 2006
Вид "Candidatus Paenicardinium endonii" Noel and Atibalentja 2006
Род ?Toxothrix ♪ Molisch 1925
Вид Toxothrix trichogenes ♪ (Cholodny 1924) Beger 1953
Род ?"Venteria" ♠ Bae 2005
Вид "Venteria marina" ♠ Bae 2005
Класа Rhodothermia Munoz, Rossello-Mora & Amann 2016
Ред Rhodothermales Munoz, Rossello-Mora & Amann 2016 [Bacteroidetes Ред II. Incertae sedis]
Фамилија Rhodothermaceae Ludwig et al. 2012
Класа Balneolia Munoz, Rossello-Mora & Amann 2016
Ред Balneolales Munoz, Rossello-Mora & Amann 2016
Фамилија Balneolaceae Xia et al. 2016 [Balneola group]
Класа Cytophagia Nakagawa 2012
Ред Cytophagales Leadbetter 1974
Фамилија ?"Candidatus Amoebophilaceae" Santos-Garcia et al. 2014
Фамилија "Thermonemataceae" Munoz, Rossello-Mora & Amann 2016 [Thermonema група; Bacteroidetes Ред III. Incertae sedis; incl. Flexibacter species група 2]
КласаSphingobacteria Kämpfer 2012
Ред Sphingobacteriales Kämpfer 2012
Фамилија Filobacteriaceae Ike et al. 2016
Фамилија Sphingobacteriaceae Steyn et al. 1998 [incl. Flavobacterium mizutaii]
Класа "Chitinophagia" Munoz, Rossello-Mora & Amann 2016
Ред "Chitinophagales" Munoz, Rossello-Mora & Amann 2016
Фамилија Chitinophagaceae Kämpfer et al. 2011
Фамилија Saprospiraceae Krieg et al. 2012
Класа Flavobacteriia Bernardet 2012
Ред Flavobacteriales Bernardet 2012
Род ?"Candidatus Sulcia muelleri" Moran et al. 2005
Род?"Candidatus Uzinura diaspidicola" Gruwell et al. 2007
↑Mor, Gil; Kwon, Ja-Young (2015). „Trophoblast-microbiome interaction: a new paradigm on immune regulation“. American Journal of Obstetrics and Gynecology. 213 (4): S131–S137. doi:10.1016/j.ajog.2015.06.039. ISSN0002-9378. PMID26428492.
↑Todar, K. „Pathogenic E. coli“. Online Textbook of Bacteriology. University of Wisconsin–Madison Department of Bacteriology. Архивирано од изворникот на 2018-07-29. Посетено на 2007-11-30.
↑Gupta, R. S. (2004). „The phylogeny and signature sequences characteristics of Fibrobacteres, Chlorobi, and Bacteroidetes“. Critical Reviews in Microbiology. 30: 123–140. doi:10.1080/10408410490435133. PMID15239383.
↑Griffiths, E; Gupta, RS (2001). „The use of signature sequences in different proteins to determine the relative branching order of bacterial divisions: evidence that Fibrobacter diverged at a similar time to Chlamydia and the Cytophaga- Flavobacterium-Bacteroides division“. Microbiology. 147: 2611–22. doi:10.1099/00221287-147-9-2611. PMID11535801.