CH-ѕвезда — вид на јаглеродна ѕвезда која се одликува со присуството на исклучително силни впивни појаси поради присуството на CH (метилидин) во нејзиниот спектар. Му припаѓа на населението II,[1] што значи дека е слаба со метали и средовечна. Важи за недоволно сјајна во споредба со класичните јаглеродни ѕвезди (C–N). Поимот „CH-ѕвезда“ го вовел Филип Ч. Кинан во 1942 г. како подвид на класата C што се применува за јаглеродни ѕвезди. Главната молекуларна одлика по која се распознаени првите пет CH-ѕвезди е Фраунхоферовиот појас G.[2]
Во 1975 г. Јашуо Јамашита забелжал дека некои поврели јаглеродни ѕвезди покажувале типични спектарски одлики на CH-ѕвезда, но без истите кинематички својства — ги немале истите просторни брзини својствени за постарото ѕвездено население. Овие се наречени CH-видни ѕвезди.[3] Многу CH-ѕвезди се членови на двојни ѕвездени системи, и разумно е да се претпостави дека ова е (или билп) случај со сите CH-ѕвезди. Како и бариумските ѕвезди, тие веројатно се производ од пренос на маса од поранешниот класичен јаглероден придружник (сега изродено бело џуџе) во сегашната CH-ѕвезда.[4]
|