Dermestes undulatus | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Dermestes |
Вид: | Dermestes undulatus |
Научен назив | |
Dermestes undulatus Brahm, 1790 | |
Синоними[1] | |
|
Dermestes undulatus — вид на инсект од фамилијата Dermestidae.[1][2][3][4] Овој вид е космополитски распространет.
Овие инсекти се последни кои го населуваат телото, при распаѓање, во фаза на скелетонизација. Се појавуваат на пролет, во април, мај и јуни. Овој инсект може да се најде на засенчени места, подалеку од сонце, бидејќи не е љубител на светлина. Јајцата ги полага исто така на темно и ладно место, во внатрешноста на телото во распаѓање или под некој друг предмет.
Надворешниот изглед им е карактеристичен и се разликуваат од другите инсекти од редот на тврдокрилци. Нивната големина се движи од 3 мм до 9 мм. На дорзалниот дел од трупот и главата се наоѓаат златно-кафени влакнести израстоци. Дорзалниот дел е со темнокафено до црно обојување, додека вентралниот дел е со шара со сиво обојување.
Во светот често се користи при форензичка ентомологија, а во Македонија оваа наука сѐ уште е во развој.
|