Dorylus gribodoi | |
---|---|
Работник од D. gribodoi од Брег на Слонова Коска | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Dorylus |
Вид: | Dorylus gribodoi |
Научен назив | |
Dorylus gribodoi Емери, 1892 г. | |
Синоними | |
Dorylus gribodoi е западноафрикански вид на воена мравка од родот Dorylus.[2]
Видот се појавува во Западна Африка, од Гвинеја и Либерија до Камерун.[3] Ограничен е на влажни живеалишта како дождовни шуми и шуми при реки и се јавува на надморска височина до 1600 м.[4]
Напади од D. gribodoi се извршуваат во слојот на мртви лисја. Работниците се повлекуваат во тунели кога се вознемирени или изложени на сонце. Ограничените набуљдувања покажуваат дека видот скоро исклучиво се храни со дождовни црви, но на оваа информација треба да се гледа со претпазливост бидејќи варијацијата во исхрана е значително по разновиден кај другите видови Dorylus. Познато е дека шимпанзa се хранат со D. gribodoi на две места (Босу во Гвинеја и Таи во Брег на Слоновата Коска); тие или користат стапчиња за да соберат работници од мравки на патеки или гнезда, или ги отвораат гнездата и земаат работници со своите раце.[6] Гнездата се многу помалку видливи од оние на другите Dorylus видови мравки и се многу тешко да се најдат (за луѓето; шимпанзата се многу поуспешни). D. emeryi е симпатичен со D. gribodoi и има скоро идентично однесување во лов и барања за живеалишта, така што двата вида може лесно да се мешаат на поле. Најголемите работници на D. emeryi се многу поголеми.[4]