Dread and the Fugitive Mind

„Dread and the Fugitive Mind“
Сингл од Мегадет
од албумот The World Needs a Hero
Издаден 2001 г.
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен 2000 г.
Жанр Хеви метал, треш метал
Должина 4:25
Издавачка куќа Капитол
Композитор Дејв Мастејн
Продуцент Дејв Мастејн
Хронологија на синглови на Мегадет
Moto Psycho
(2001)
Dread and the Fugitive Mind
(2001)
Die Dead Enough
(2004)

Dread and the Fugitive Mind е песна на Мегадет од нивниот деветти студиски албум The World Needs a Hero. Песната претходно била објавена како дел од компилацијата Capitol Punishment: The Megadeth Years. Текстот на песната говори за тоа дали престапниците имаат грижа на совеста. Вака Мастејн ја искоментирал содржината:

Станува збор за пресуда. Најголемиот парадокс е тоа ако не постои Господ, а ти живееш воздржан и примерен живот, не си загубил ништо. Ако постои Бог, а животот ти бил блуден и развратен, тогаш си во страшна неволја. Пораката што се обидувам да ја пренесам е што ако не постои „Страшниот суд“? Многупати луѓето морално ќе се издигнат, за потоа целосно да се предадат на неетички задоволства. Нивното внатрешно размислување е она што ме копка да го откријам.

Дејв Мастејн, 2001 г.[1]

Песни на винил изданието од Dread and the Fugitive Mind

[уреди | уреди извор]
  1. „Dread and the Fugitive Mind“ (верзија од Capitol Punishment: The Megadeth Years) - 3:23
  2. „Dread and the Fugitive Mind“ (верзија од албумот) - 4:25
  3. „Dread and the Fugitive Mind“ (завршен риф) - 0:13 [2]
Капитол Рекордс 2001 г.[3]

Музички персонал

[уреди | уреди извор]
Фотографија од концертот на Мегадет во Финска (2010)
  1. „The Realms of Deth - Текстови од Мегадет - The World Needs a Hero“. Megadeth.rockmetal.art.pl. Архивирано од изворникот на 2013-11-18. Посетено на 2012-02-14.
  2. Encyclopaedia Metallum[мртва врска]
  3. „Дискографија на Мегадет“. Megadeth.com. 2012-01-26. Архивирано од изворникот на 2010-12-06. Посетено на 2012-02-14.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]