„Gold Digger“ е песна изведена од американскиот хип-хоп артист, продуцент и текстописец Кање Вест во соработка со американскиот глумец и пејач Џејми Фокс. Издаден како втор сингл од вториот албум на Вест, Late Registration (Доцна Регистрација), „Gold Digger“ го освои највисокото прво место на американскиот Билборд Хот 100 на 6 септември 2005 година, станувајќи со тоа втор сингл на Вест и на Фокс којшто завршил на првото место. Ко-продуцирана од стран на Џон Брион, песната содржи интерполација од песната на Реј Чарлс, „I Got a Woman“ од страна на Фокс.
Синглот собори рекорд со најмногу дигитални симнувања за време од една недела,[1] продавајќи преку 80,000 дигитални симнувања, и исто така собори рекорд со тоа што беше и најбрзото дигитално симнување на сите времиња; двата рекорди од тогаш се соборени. Во 2005 година беше вториот најдолг сингл којшто бил на првото место на американскиот Билборд Хот 100 веднаш зад синглот на Мараја Кери, „We Belong Together“ („Ние си Припаѓаме Еден на Друг“). Песната „Gold Digger“ исто така беше номинирана и за Песна на Годината на Греми наградите во 2006-та година, додека пак ја освои номинацијата за Најдобра соло рап изведба. „Gold Digger“ заврши на 49 место на списокот на најдобри 100 песни според магазинот Билборд,[2] и на 9 место на списокот на 100 песни на декадата според истиот магазин.[3] Песната беше изгласана на 20 место на списокот на VH1 за Најдобри 100 хип-хоп песни. Од јануари 2011 година, песната е продадена во преку 3,000,000 копии ширум САД. „Gold Digger“ стана 9-от најуспешен сингл во САД за 2000-те.