„Honesty“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Били Џоел | |||||
од албумот 52nd Street | |||||
Страна Б | „Root Beer Rag“ „Big Shot“ (PER) | ||||
Издаден | 1979 | ||||
Текстописец | Били Џоел | ||||
Формат | 7" | ||||
Снимен | 1978 | ||||
Жанр | Рок | ||||
Должина | 3:53 | ||||
Издавачка куќа | Columbia | ||||
Продуцент | Фил Рамоне | ||||
Хронологија на синглови на Били Џоел | |||||
|
„Honesty“ е песна од Били Џоел издадена во 1979 како третиот сингл од неговиот албум 52nd Street. Се искачила на 24 место на Билборд Хот 100, станувајќи третиот последователен топ 40 хит од албумот.
„Honesty“ била позната во Јапонија неколку децении и била преработена од многу источноазиски музичари како Чукузен Сато, Хајиме Мизогучи, Никотин и K. Песната била вклучена на јапонското издание на компилациониот албум од Џоел Greatest Hits Volume 2, како бонус песна и била вклучена во неколку реклами во Јапонија. Во мај 2009, верзијата на Џоел добила златна сертификација од Јапонија за 100,000 копии спуштени како рингтон.[1] Дел од песната е преземен од песна од Паул Симон наречена „Tenderness“, од неговиот албум од 1973 There Goes Rhymin' Simon.
Chart (1979) | Peak position |
---|---|
Австралија | 80 |
Холандија[2] | 31 |
Јапонија Oricon | 53 |
Нов Зеланд | 38 |
САД Билборд Хот 100 | 24 |
САД Билборд Возрасни Современи Песни | 9 |
„Honesty“ | |
---|---|
Песна од Бијонсе Ноулс | |
од албумот I Am... Sasha Fierce: Платинско издание | |
Снимена | 2007 |
Жанр | Урбан современ, возрасен современ |
Должина | 3:47 |
Марка | Columbia |
Песнописец | Били Џоел, Рамон, Ноучс |
Во 2008, Бијонсе Ноулс ја преработила верзијата на Били Џоел за компилацискиот албум на нејзината поранешна група Destiny's Child, наречен Love Destiny.[3] Песната била вклучена на Платинестото издание на нејзиниот трет студиски албум, I Am... Sasha Fierce.[4]
Верзијата на Ноулс била опишана како балада, која за жал е иронично дополнение на албумот.[5] Служејќи како шеснаесеттата песна на платинското издание на I Am... Sasha Fierce, песната е спротивна од претходната „Why Don't You Love Me“.[6] Песната го прикажува душевниот вокал на Ноулс и нејзиниот голем глас.[6] Песната станала многу популарна на корејските табели за време на нејзините концерти во Сеул во 2009.[7]
Табела (2008) | Највисока позиција |
---|---|
Корејски Топ 100 Синглови[7] | 2 |
|url=
(help). riaj.or.jp (јапонски). Recording Industry Association of Japan. Посетено на April 20, 2010.
|