id Tech 3 во Quake III, првата игра со погонот, и Elite Force II, една од последните | |
Програмери | id Software |
---|---|
Прог. јазик | Ц |
Вид | Погон за видеоигри |
Лиценца | ГНУ-ова општа јавна лиценца |
id Tech 3 (се чита: ид тек) е погон за видеоигри изработен од id Software за Quake III Arena, искористен за многу игри под ознаките Quake III Arena engine и Quake III: Team Arena engine. Во неговото време се натпреварувал со погонот Unreal. И двата погони многу се користени.
id Tech 3 е голем напредок од погонот Quake и id Tech 2. Иако id Tech 3 е произлезен од id Tech 2, големи делови од кодот се нови или повторно напишани. Заменет е од страна на id Tech 4, кој е произлезен одid Tech 3, но содржи многу малку од првичниот код.
На QuakeCon 2005, Џон Кармак најави дека изворниот код на Quake III ќе биде објавен под ГНУ-овата општа јавна лиценца (верзија 2). Објавен беше на 19 август, 2005 година. Кодот е достапен за симнување од интернет на фтп-страната на id.