Кинепанетоне (или кино-панетоне) е италијански неологизам што се однесува на некои комични филмови од италијанска продукција кои обично се прикажуваат во кината за време на Божиќ.
Неологизмот, кој постојано се појавувал во медиумите на италијански јазик кон крајот на 1997 година,[1] првично бил користен во погрдна смисла од филмските критичари за да ги означат тие божиќни филмови - оттука произлегува и името на едно од традиционалните италијански слатки за овој празник, панетоне - со голем публицитет и во тоа време се сметало дека има главно комерцијална вокација (наклонетост),[1] со особено внимание на комедии интерпретирани од уметничката двојка креирана од Масимо Болди и Кристијан Де Сика, кои се одликуваат со извесна тенденција да се повторуваат во заплетот и во ситуациите, поради eвтиниот вид комедија – кoја особено се базирала врз основа на slapstick и тешка вулгарност – како и, сепак, за големите заработувачки во италијанските кина.[2] Меѓутоа, набргу, неологизмот станал секојдневие и делумно ја изгубил својата негативна конотација, до тој степен што самите актери и автори почнале да ги посочуваат своите дела со ова име.
Потоа oвој поим имал широка распространетост во 2000-тите: период во кој поголемиот дел од кинепанетоните биле сведоци на создавањето на компанијата Филмауро, во сопственост на семејството Де Лаурентис, и во режија на Нери Паренти, со кино издание на серија „генерациски комедии кои имаат повеќе или помалку врска со божиќните празниците“, сместени на егзотични места, каде што зборот „Божиќ“ бил вметнат во насловот.[3] Потоа критичарите од тој сектор го прошириле неговото значење, ретроактивно вклучувајќи ги во тоа движење и италијанските филмови направени во претходните две децении, сите обединети под елементите - режисери, актери, теми и дистрибуција/распределба - кои го откриваат изворот на Кинопанетоне; продукции како Пожарникари (1985), Yuppies - Успешни млади луѓе (1986) и слични продолженија, режирани од имиња како што се споменатите Паренти и браќата Енрико и Карло Ванзина, секогаш со двојката Болди-Де Сика како дел од актерската екипа, но не строго карактеризирани со божиќно-празничната тема.
Слично на тоа, поголемиот дел од критичарите имале тенденција да не ги сметаат некои филмови како кинопанетони, особено од 1970-тите, што во ретроспектива, поради опфатените теми, можеле да се видат во коренот на ова движење; некои наслови на италијанската комедија или комичните улоги што ги играл Адријано Челентано, како и современите дела од времето на кинопанетони како што е сагата Фантоци од Паоло Вилаџо, како и филмовите на Леонардо Пјерачони или, во странство, на браќата Фарели, што и тие понекогаш покажуваат слаби врски со овој наративен свет.[3]
Врз основа на ова, потоа биле измислени слични термини, иако помалку распространети, како што е кинолубеница (исто така киносладолед или киночадор),[4] за да се означат италијанските филмови направени за летниот период;[5] киногулаб за оние реализирани само за Велигденскиот период;[6] телепанетоне, за италијански продукции кои се однесуваат на универзумот на кинoпанетонe, но наменети за телевизија;[7] книгапанетоне, за да ги означи книжевните бестселери предодредени да бидат објавени во книжарниците блиску до божиќниот период;[8] и анти-кинопанетони, разновидни дела кои се сметале како алтернативни ако не и намерно против кинопанетони.[9][10][11][12][13][14]
Според режисерите Карло и Енрико Ванзина, кои се сметаат за татковци на жанрот, формулата на кино-панетоне се родила по комерцијалниот успех на нивниот филм Вкусот на морето (снимен во 1982 година и емитуван во Италија во февруари наредната година), кога продуцентот Аурелио Де Лаурентис, сопственик на Филмауро, им нарачал слично дело, но овојпат сместено во ски-центар, кој би се прикажувал во кината за време на Божиќ.[15] Потоа, двајцата браќа размислувале за современа преработка на филм од 1959 година во кој главните улоги ги толкувале Алберто Сорди и Виторио Де Сика (таткото на Кристијан), Зимски празници, во кој режисерот Камило Мастроцинке ги третирал, во амбиентот на Кортина д'Ампецо, италијанските обичаи од тоа време.[3]
Потоа во 1983 година бил направен филмот Божиќни празници, снимен за помалку од два месеци[16] исто така во Кортина. Истата година во декември конкуренција на овој филм била второто поглавје од ''Вкусот на морето''[17], овој пат во режија на Бруно Кортини, но секогаш според темата на браќата Ванзините.
За голем дел од јавноста, кои можеби не поминуваат многу време пред малите екрани во текот годината, одењето во кино на Божиќ станало навика, и било на еднакво ниво со панетоне (колачот), новогодишната елка и тороне (колач со јаткасти плодови, мед) [...] Поради оваа причина, божиќниот филм претставува феномен сам по себе, наменет да ги наградува особено производите слични на телевизиските програми, кои ако би се емитувале во било кој друг период од годината, би поминале незабележани. Игнорирани и од страна на вообичаените гледачи на филмови, [...] кои претпочитаат квалитет и оригиналност. Пред барањата на божиќната публика, понудата се прилагодува на филмските кино-панетони, кои се продаваат во огромни количини.
—Franco Montini, la Repubblica, 1º dicembre 1997[1]
Сепак, требало да се почека до 1990-тите за да се види дефинитивната афирмација на жанрот. Во 1990 година, филмот Божиќни празници 1990 бил прикажан во кината, овој пат во режија на Енрико Олдоини : филмот го означил пред сè почетокот на уметничкото партнерство помеѓу Масимо Болди и Кристијан Де Сика, кои подоцна станале постојани актери на сагата во следните три децении; во средината на 1980-тите, двајцата веќе учествувале во Пожарникари и во Јапис - Успешните млади, потпишани од Нери Паренти и од Ванзина; како што и самиот Болди потсетува, „токму во тој момент сфативме дека нашите два карактери заедно, беа совршени“ за интеракција на големите екрани.[18]
Потоа Болди и Де Сика повторно го потврдиле својот успех со оглед на благајните, благодарение на филмот Божиќни празници 1991, повторно снимен од Олдоини и со Божиќни празници 1995 во режија на Паренти. Во текот на таа деценија, браќата Ванзина ја обновиле формулата, секогаш потпирајќи се на партнерството Boldi-De Sica, со SPQR - Пред 2000 и половина години (1994) и Талкајќи низ времето (1996),[15] додека движењето „празнично - божиќно“ продолжило со Де Лаурентис, кој режијата на следните филмови трајно и ја доверил на Нери Паренти.[15] Браќата Ванзина се вратиле за снимање на филмот Божиќни празници 2000 година од серијалот Кино-панетоне дури во 1999 година, чиј продуцент бил секогаш Филмауро на Де Лаурентис. Како што може да се воочи од некои наслови, филмовите не секогаш се занимавале со настани кои биле строго поврзани со божиќниот период или, воопшто, со празниците; од 2001 година, сепак, ова се случувало редовно неколку години - на што одраз биле и насловите на филмовите - сместувајќи го Божиќ од време на време на најразновидните места на планетата.
Во 2005 година, еден ден по објавувањето на Божиќ во Мајами, се случил првиот пресврт во историјата на сагата бидејќи Болди, поради уметнички разлики, го раскинал своето партнерство со Де Сика и во исто време ги напуштил и продукциите на Де Лаурентис[19] за да започне свое лично „апокрифно“ движење на кино-панетони, што е во контраст со „официјалното“ на неговиот поранешен сценски партнер;[20] Новите дела на Болди, продуцирани од Медуза филм, набргу биле забележани по тоа што ја имале свадбената церемонија како нивна централна тема,[21] толку многу за да се создаде нов неологизам, оној на кино-бракови.[22] Со текот на времето, новото движење што го започнал Болди, предизвикало да прават сè повеќе дуети пред камерите со Биаџо Изо,[23] додека Де Сика ја продолжил својата уметничка кариера заедно со новиот влез Масимо Гини.[24] Во меѓувреме, во истиот период започнало да се појавува временско проширување во однос на изданијата на кино-панетони, кои тогаш ја надминале тесната божиќна рамка, предвидувајќи или одложувајќи го нивното прикажување во кината[25] - ова е случај на пример со филмот Свадба во Париз (2011) од Клаудио Риси, емитуван веќе во октомври[3]; апропо зборовите на Болди, „секако дека не треба да ги чекаме празниците за да се намами насмевка кај гледачот“.[25]
Во 2011 година бил објавен филмот Божиќни празници во Кортина, кое воедно останало и последно поглавје од она што се подразбирало како кино-панетонска сага ( cinepanettoniana delaurentiisiana): земени предвид сè пониските резултати од благајните добиени од овој вид производи, од следната година Филмауро одлучил дека своите филмови кои би биле објавени за време на зимските празници повеќе немале да ја практикуваат оваа досега историска наративна формула, свртувајќи се потоа кон покласичната комедија.[26][27][28] Меѓутоа, во наредните години, различни автори и изведувачи на жанрот го зеле кино-панетоне во свои раце, потпирајќи се на различни продукции[29] и обидувајќи се да ја модернизираат формулата, но сепак без да успеат да ги повторат успесите кои ги имале во минатото.[2]
Во 2017 година бил креиран филмот од страна на Филмауро Супер Божиќни празници, монтажен филм во режија на Паоло Руфини, кој ја прославил 35-годишнината од раѓањето на кино-панетоне со прикажување сцени на филмови кино-панетони и божиќни комедии, кои биле реализирани од продукциската куќа во претходните децении. И Болди и Де Сика, протагонисти на многу од овие сцени, ја критикувале операцијата, тврдејќи дека не биле ни предупредени за истата, а воедно сметале и дека била несоодветна: на истиот ден кога се прикажувал филмот, 14 декември, всушност било и планирано во кино-салите да се прикажуваат божиќните комедии на двајцата актери, Божиќ како готвач во режија на Паренти за Болди и Сиромашни, но најбогати во режија на Фаусто Брици за Де Сика.[30][31] Од трите филма, монтажниот производ (филм) сепак се покажал како оној со најниска заработка.[32][33][34]
Од историска гледна точка на жанрот, во 2018 година историската двојка Болди-Де Сика повторно се обединила по четиринаесет години за филмот Пријатели како порано, во режија на самиот Де Сика потпомогнат (непотврдено) од неговиот син Брандо:[35] и покрај тоа што било издадено за време на божиќниот период, сепак, ова дело било класична комедија која поради стилот и опфатените теми, не само што не се обединила со каноните на Кино-панетоне, но дури и се дистанцирал од нив, добивајќи за тоа колективно признание од критичарите.[36][37] Пријатели како порано, се потврдил, меѓу останатите италијански продукции, како филм со најголема заработка во филмската сезона 2018-2019 година и трет по број на гледачи,[38] но сепак далеку од повторување на успехот постигнат со делата (кино-панетоне) во нивната златна доба.[39]
Во „Пријатели како порано“, каде изгледало како да се потврдува дефинитивното напуштање на одредена комедија од страна на историската двојка, сепак продолжува во 2020 година На одмор на Марс, каде и од самиот наслов би можело да се открие дека упатува кон старото кино-панетонско движење, почнувајќи од враќањето на Паренти зад камерите: „Идејата беше да се вратам на снимање филмови со оние тестенини онаму, и таа беше силна за сите тројца, мене, Кристијан и Масимо: да се нурне повторно во таа област, имаше сè во панетонот, пцовки, шеги, изјавил самиот режисер.[40] Овој пат реакцијата на јавноста и критичарите била многу погруба во врска со делото, кое предизвикало лесна иронија, и било критикувано поради неверодостојноста на заплетот и неефикасноста на глумата;[41] всушност, тоа било истакнато како признание на еден жанр, оној на кино-панетонот, кој со текот на времето станувал веќе неспособен да ja претстави, макар и само на комичен начин, сликата (реалноста) на земјата.[42]
Актери кои се повторувале во текот на целосната сага биле, покрај гореспоменатите Болди, Де Сика и Џини, и Диего Абатантуоно, Клаудио Амендола, Џери Кала, Нино Фрасика, Ецио Греџо, Андреа Ронкато, Гвидо Никeли и Надија Риналди во 1980-те и 1990-те; и Ана Марија Барбера, Ненси Брили, Елизабета Каналис, Паоло Контичини, Фабио Де Лујџи, Сабрина Ферили, Фичи од Индија, Мишел Хунзикер, Биаџо Изо, Паоло Руфини, Франческо Мандели, Винченцо Салеме и Алесандро Сиани во 2000 и 2010 година. Со оглед на комерцијалниот успех на филмовите, понекогаш во нив учествувале и странски изведувачи познати ширум светот, како што се Синди Крафорд, Дени Девито, Кармен Електра, Дерил Хана, Дин Џонс, Рон Мос, Лесли Нилсен, Лук Пери и Меган Гејл.
Од драматуршка гледна точка, божиќните филмови се банални, често повторливи, гордо груби. Јас сум малку и за попуст во киното. Секој од нив може да се расклопи, распадне и повторно да се состави со голема леснотија. Тоа се едноставни филмови, но не и неискрени.
—Christian De Sica, Corriere della Sera, 20 dicembre 2008[43]
Според најљубезните критичари, филмовите (кино-панетоне), всушност не биле толку различни од комедиите, произведени во 1950-тите, како оние во кои глумел Тото;[44] поточно, ги гледале како филмови кои повеќе од другите успевале да ја раскажат Италија и денешните италијанци.[45] Потоа се нагласило како кинепанетите ја извршуваат задачата да го „превртат“ најголемиот дел од италијанската филмска индустрија[46] која честопати само на тој начин успева да го достигне нивото на заработувачки на холивудските филмови.[47] Сепак, било предмет на дебата и полемики, можноста за ваков жанр на филм да има придонеси и даночни олеснувања од страна на Министерството за култура.[48]
Се прашувам дали постојат други земји во кои не било кoј филм (со мала уметничка вредност), туку филм која се смета за најгледан во годината, содржи една непрестајна низа на вулгарности, придружени со навредлив јазик: еден вид долг и непристоен натпис на ѕидот во тоалетот на една станица. Но Италија очигледно е таква. Исто така и ова е реалната слика во земјата, нејзината култура, нејзините длабоки поттици.
—Ernesto Galli della Loggia, Corriere.it, 24 dicembre 2009[49]
Критичарите на таквите производи пред сè укажуваат на недостатокот на вистинска комедија: на долг рок, таа комедија што била присутна, завршила целосно заснована на вулгарност и други разновидни баналности како непристоен јазик, евтин хумор и женски улоги сведени на обични сексуални предмети.[50] Се случила промена на посебен начин во 2000-тите, и која, според научниците од овој сектор, од кино-панетонот направила прославување на „најлошите остатоци“, од „карневалските лудории“ на современа Италија на Берлускони.[3] Од практична гледна точка, на крај се дало негативно мислење за постојаниот недостаток на вистинска фабула, заменета со банална „приказна“ секогаш иста, уметнички напишана за изведбите на протагонистите и споредните актери на должност;[51] тоа биле често телевизиски личности, популарни во одреден моментот, на кои им недостасувале соодветни актерски вештини за големата сцена.[52]
Еден вид на оскверната пародија од движењето на кино-панетони би можела да се препознае во комедијата Борис - Филмот од 2011 година. Филмот, сместен зад кулисите (сцената) на филмскиот свет, прецизно ја раскажува „промената“ на кино-панетоне, која на крајот завршува со добивање на првичен „сериозен“ проект, подеднакво исмевајќи ги двете страни.[53] Поточно кај филмовите (кино-панетони), сатирата ги нагласува проблемите, на италијанската филмска сцена од тоа време, за да се направи филм кој би се одделил од грубата и тешка комедија,[54][55] и раскажува за негативното влијание што овој кинематографски жанр го имал врз актерската средина во земјата, кој бил виновен за попуштање на национално-народното поради лесните придобивки (заработувачки),[56][57] без да пропушти да ја истакне неправилноста на пишувањето, која може да се сумира во неколку груби стереотипи.[55][57]
Исто така, вреди да се спомене лажниот трејлер Божиќ во тоалет (2008) од Мачо Капатонда, кој во неколку минути ги сумира сите најлоши стереотипи што критичарите му ги припишувале на кино-панетонското движење, во однос на пишувањето и на актерството; сатирично дело кое, според зборовите на Франческо Спекија, се состои од „комични и истовремено вознемирувачки слики“, накратко „идејата за Италија денес, мрачна и мизерна“.[58]
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)