Дејност | Луксузна мода |
---|---|
Основано | 1954 во Милано, Италија |
Основач | Krizia |
Седиште | , |
Опслужувани подрачја | Ширум светот |
Производи | женска облека спремна за носење, додатоци, моден накит, кожни добра, чевли, парфеми |
Мреж. место | www.krizia.it |
Krizia (изговорено: Кризија) - дизајнерска модна куќа и производител на женски чанти, облека, обувки и парфеми.[1] Модната куќа со услуги „спремно за носење“ била основана од Мариучија Мандели (31 јануари 1925 - 6 декември 2015[2]), дизајнер и претприемач, во 1954 година во Милано, Италија.[3] Таа ја открила својата прва црно-бела збирка во Палацо Пити во Фиренца, Италија, во 1964 година, што и ја донела наградата „Критика дела Мода“. Под водство на Мандели, „Krizia“ брзо се проширила во текот на 1960-тите и 1970-тите години. Во 1971 година, „Krizia“ издала верзија на шорцеви исечени „многу кратки“, рана форма на т.н. „жешки панталони“.
На својот врв, во 90-тите, модната куќа заработувала половина милијарда долари на годишен период.[4] Додека била на чело на „Krizia“, на светот на високата мода, Мандели им ги претставила жешките панталони.[5][6]
Во февруари 2014 година, „Shenzhen Marisfrolg“ (Шенжен Марисфролг), кинеска корпорација, ја купила „Krizia“ и Мандели се повлекла од водечката улога.[7]