„Lithium“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Lithium (1 Дел) | |||||
Сингл од Evanescence | |||||
од албумот The Open Door | |||||
Страна Б | „The Last Song I'm Wasting On You“ | ||||
Издаден | 8 јануари 2007 | ||||
Формат | ЦД сингл, | ||||
Снимен | 2006 | ||||
Жанр | Алтернативен метал | ||||
Должина | 3:44 | ||||
Издавачка куќа | Wind-up | ||||
Композитор | Ејми Ли | ||||
Продуцент | Дејв Фортман | ||||
Хронологија на синглови на Evanescence | |||||
|
„Lithium“ e песна од американската рок група Evanescence. Издадена е на 8 јануари 2007 како втор сингл од нивниот втор студиски албум, The Open Door. Песната е напишана од Ејми Ли и нема никакава врска со истоимената песна од бендот Nirvana. Неколку обожаватели помислиле дека тие ја препеале истоимената песна од Nirvana пред нејзиното издавање.
Ејми ја опишала песната како песна која „ги прегрнува чувствата преку парализирање“. Песната ја напишала инспирирана од врската со нејзиното бившо момче Шон Морган, член на групата Seether. За време на интервју, Ејми изјавила,
„ | Го напишав рефренот на песната кога имав 16 години. Секогаш мислев дека е убав рефрен, но никогаш не го употребував за ништо. Почнав да ја свирам на пијано и нотите произлегоа сами. На некој начин ова е стара песна, но тоа не е така. Таа порасна.[1] | “ |
Музичкото видео за песната е режирано од Паул Федор помеѓу 31 октомври и 1 ноември во 2006 година. Во спотот се појавуваат Ејми Ли и другите членови на бендот кои се наоѓаат во снежна шума и во него е прикажана Ејми како ги покажува чувствата на среќа и тага. На крајот од спотот таа ќе потоне во црна течност. Сцените кои се одвиваат под водата се слични на оние во спотот за песната „Going Under“ со исклучок на медузите.
Во интервју за MTV News, Ејми Ли рекла,
„ | Таму сум јас целата облечена во бело и навистина е зима, а потоа таму сум и другата јас целата облечена во црно покрај езерото во шумата. Што занчи дека е за тагата и среќата што речиси си ги пееме една на друга, пробувајќи да сфатиме дека како и двете можеме да работиме.[2] | “ |
Музичкото видео е премиерно покажано на канадската публика на MuchMusic.com на 24 ноември 2006 година, а подоцна се нашол и на страниците како YouTube и Myspace. Потоа е тргната од MuchMusic.com, и била подоцна издадена на 4 декември. Издавачката куќа на бендот, Wind-up Records го ставила музичкото видео за песната на официјалната страница на бендот на 27 ноември.[3] Песната е овозможена за дигитално спуштање на iTunes на 19 декември. Ејми Ли гостувала на TRL на 24 декември, за да го промовира видеото на MTV.
Сингл (Дел 1)
Бр. | Наслов | Текстописци | Траење |
---|---|---|---|
1. | „Lithium“ | Ли | 3:44 |
2. | „The Last Song I'm Wasting On You“ | Ли | 4:07 |
Макси (Дел 2)
Бр. | Наслов | Текстописци | Траење |
---|---|---|---|
1. | „Lithium“ | Ли | 3:44 |
2. | „The Last Song I'm Wasting On You“ | Ли | 4:07 |
3. | „All That I'm Living For“ (Акустична верзија) | Ли, Лекомп | 4:33 |
4. | „Lithium“ (Видео/Акустична верзија) | Ли | 3:50 |
7" Винил Диск
Бр. | Наслов | Текстописци | Траење |
---|---|---|---|
1. | „Lithium“ | Ли | 3:44 |
2. | „The Last Song I'm Wasting On You“ | Ли | 4:07 |
Табела (2006/2007) |
Највисока позиција |
---|---|
САД Билборд Bubbling Under Hot 100 Singles[4] | 24 |
САД Билборд Хот Мејнстрим Рок Песни[5] | 39 |
САД Билборд Хот Модерни Рок Песни[6] | 37 |
Австралија (ARIA)[7] | 26 |
Австрија (Ö3 Austria Top 75)[8] | 41 |
Белгија (Ultratip Валонија)[9] | 13 |
Чешка (IFPI)[10] | 18 |
Германија (Media Control AG)[11] | 44 |
Ирска (IRMA)[12] | 30 |
Италија (FIMI)[13] | 2 |
Нов Зеланд (RIANZ)[14] | 16 |
Холандија (Мега Сингл Топ 100)[15] | 55 |
Шведска (Sverigetopplistan)[16] | 23 |
Швајцарија (Media Control AG)[17] | 40 |
Британски Синглови (The Official Charts Company)[18] | 32 |
|