Дел од сериите поврзани со MTV MTV канали |
MTV Вести е името на дивизијата на MTV, една од првите најпопуларни музички телевизиски мрежи во САД, како и во некои MTV канали шурум светот. MTV Вестите започнале во 1980-тите со програмата Оваа Недела во Рокот, водена од Курт Лодер, првиот официјален дописник на MTV. Од 1990, отворачкиоот риф на песната „Peace Sells“ од Megadeth бил отворачка тема за Оваа Недела во Рокот.
Емисијата прво започнала со политички вести за изборот на претседател во САД во 1992, преку кампањата „Choose or Lose“.[1][2] Оттогаш, MTV прикажувал „Choose or Lose“ за други избори за претседател во САД. За изборите за претседател во 2008, Барак Обама и Хилари Клинтон се појавиле на MTV за да ја дискутираат војната во Ирак.[3]