Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Metro Ethernet претставува компјутерска мрежа која покрива големо градско подрачје (метропола), или поголема логичка целина на населено место, и истата е заснована на Ethernet стандардот. Истата се нарекува Metropolitan Area Network и служи за да обезбеди поврзување помеѓу пратплатници на мрежата од поглед на физички корисници како и бизнис организации а сè со цел овозможување на пристап до Интернет. Претплатата обично оди преку семрежни услужници(IP), каде освен основните услуги за физички лица, може да се закупат и специјални линии за бизнис корисници кои ќе го поврзат седиштето на фирмата со нејзините филијали.
Кога ќе се земат предвид технологиите : Ethernet, SONET/SDH , како и PDH, сепак како најевтина варијанта споредбено со пропусниот опсег е Ethernet технологијата, која притоа може да обезбеди и висококвалитетни сервиси а и поголем пропусен опсег, што не е случај со SDH врската. Голема предност во однос на другите технологии е и тоа што многу лесно може да се воспостави врска во една т.н клиент-мрежа а поскоро и во станбени објекти.
Типови на користење на Ethernet преку MAN(Metropolitan Area Network) :
Употребата на Чист Ethernet е евтино но истото е помалку сигурно и размерливо и обично ограничена на експериментални употреби и распоредувања. SDH - заснована употреба и распоредување е корисна кога имаме постоечка SDH – инфраструктура, а главна маана е губење на флексибулност во управувањето со пропусниот опсег заради крутата хиерархија наметната од страна на мрежата на SDH. MPLS – заснованите распоредувања се најскапи, но со висок степен на сигурност и размерливост и истите најчесто се нудат од страна на големите сервис – услужници.
Чист Ethernet заснованата MAN(Metropolitan Area Network),за внатрешната структура користи само свичови кои функционираат на вториот слој од OSI моделот, со што се овозможува многу едноставен и евтин дизајн и релативно едноставна почетна конфигурација. Оригинално постоечката Ethernet технологија заснована на shared-media мрежа не дозволувала изолација на информациите и со тоа било тешко да се имплеметираат приватни кола и заштита на информациите. Изводливоста на Ethernet – MAN мрежите станува реалност дури во 90-тите години од минатиот век, со развојот на нови технологии кои овозможуваат тунелирање на сообраќајот со помош на т.н виртуелни мрежи, како што се point to point и multipoint to multipoint кола. Во комбинација со новите технологии и опции како што се VLAN Stacking (познато и како тунелирање), како и VLAN Translation, станува возможно да се оддели и изолира сообраќајот на корисниците едни од други како и од јадрото на внатрешниот мрежен сообраќај. Ethernet – от постојано се развива и има вметнато нови содржини во форма на протоколи како што се : IEEE 802.1ad (Provider Bridges), IEEE 802.1ah (Provider Backbone Bridges), и IEEE 802.1Qay (Provider Backbone Transport).
Постојат три главни недостатоци при некористење на PBT/PBB(Provider Backbone Transport)/(Provider Backbone Bridges) - Ethernet пристап до MAN :
За разлика од овие три главни недостатоци при на PBT/PBB(Provider Backbone Transport)/(Provider Backbone Bridges) - Ethernet заснованите MAN се користат за две основни цели :
Ваков тип на заснована Ethernet – MAN мрежа вообичаено се користи како меѓу чекор при преод од мрежи засновани на распределба на време во модерна статистичка мрежа како што е Ethernet. Во овој модел, постоечката SDH инфраструктура се користи за пренос на податоци со голема брзина, а како главна придобивка од овој пристап е високото ниво на сигурност што се темели на природата на SDH заштитните механизми и обновување на врските за 50 ms за сериозни неуспеси. Цената на ваквиот тип на засновани Ethernet MAN засновани мрежи е поголема заради високата цена на SDH потребната опрема, заради имплементација на ваквиот тим на мрежи.
Овој тип на засновани Metro Ethernet мрежи како и врската најчесто до корисникот пристигнуваат преку бакарен проводник или оптички проводник. Вклучениот Ethernet пакет на корисникот се пренесува преку MPLS, и обезбедувачот на пристап(сервис услужникот), употребува Ethernet како базна технологија за пренос на MPLS, и истиот обезбедува високи перформанси.
Предности на MPLS-заснованите Metro Ethernet мрежи во однос на чист Ethernet се:
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |