PFAFF

MAX PFAFF Industrial
ДејностМашинство Уреди на Википодатоците
Основано1862 како PFAFF
ОсновачГеорг Макс Пфаф
СедиштеКајзерслаутерн, Германија
Клучни личности
Вработени
180 (2014)
Матично претпријатие
SGSB Co. Ltd
Мреж. местоpfaff-industrial.com

PFAFF (германски: PFAFF Industriesysteme und Maschinen AG, PFAFF Industrial) — германски производител на индустриски машини за шиење со седиште во Кајзерслаутерн, Германија. Компанијата денес е во сопственост на SGSB Co. Ltd[2].

Историја

[уреди | уреди извор]

Компанијата PFAFF била основана во Кајзерслаутерн, Германија во 1862 година од страна на Георг Макс Пфаф (1823-1893). Првата машина на PFAFF била рачно изработена и дизајнирана да шие кожа за производство на чевли[3].

Во 1885 година, Георг отворил продавница за шиење во Лондон. Фабриката PFAFF во тој период била проширена и модернизирана. Георг Пфаф, вториот син на основачот, го презел управувањето со компанијата по смртта на неговиот татко во 1893 година и го проширил понатаму со голем успех.

Во 2006 година американската компанија Kohlberg & Company, сопственик на Сингер, ја купил шведската VSM Group, сопственик на Husqvarna Viking и PFAFF, со што била создадена SVP Worldwide[4].

Во март 2013 германската холдинг-компанија на SGSB Group Co. Ltd., ShangGong (Europe) Holding Corp. GmbH, презела повеќе од 100% од акциите на PFAFF Industriesysteme und Maschinen AG[1].

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „ShangGong (Europe) Holding Corp. GmbH took over 100% of the shares of PFAFF Industriesysteme und Maschinen AG in Kaiserslautern“. Dürrkopp Adler. 9 April 2013. Архивирано од изворникот на 2021-05-12. Посетено на 8 December 2014.
  2. SGSB Co. Ltd
  3. „The history of Pfaff extends over 150 years“. PFAFF Sewing Machines. Посетено на 8 December 2014.
  4. „PFAFF® SEWING MACHINE BRAND CELEBRATES 145 YEAR ANNIVERSARY“. SVP Worldwide. 3 December 2007. Архивирано од изворникот на 2014-12-13. Посетено на 8 December 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]