Pemphredoninae | |
---|---|
Scientific classification | |
Kingdom: | Animalia |
Phylum: | Arthropoda |
Class: | Insecta |
Order: | Hymenoptera |
Family: | Crabronidae |
Subfamily: | Pemphredoninae |
Tribes, subtribes and genera | |
Entomosericini (Dalla Torre, 1897):
Odontosphecini (Menke, 1967): Pemphredonini (Dahlbom, 1835):
Psenini (A. Costa, 1858):
|
Потсемејството Pempredoninae, е голема група во семејството на оси Crabronidae, со над 1000 видови. Во минатото, ова потсемејство било сметано за семејство. Во некои поскори филогенетски анализи, една од подплемињата во оваа група била забележана како сестринската на натсемејството Apoidea, и била именувана семејство Ammoplanidae заедно со Pemphredonidae и Psenidae за семејствата да останат монофилетични.[1]
Под-семејството се состои од солитарни, паразитоидни оси, од кои секој род има свои посебни и постојани преференции на плен.Возрасните женски единки копаат тунели во земјата или во растителни материјал за гнездо.[2]
Како и со сите други оси од фамилијата Sphecidae, ларвите се месојадни; женките ловат плен на кој ги положуваат своите јајца, масовно обезбедувајќи храна за ларвите по нивно раѓање од јајцето со парализиран жив плен.
Во повеќето класификации, Pemphredoninae се поделени на четири племиња: Entomosericini, Odontosphecini, Psenini, и Pemphredonini; од кои последниот досега има најголем број видови. Примарната разлика помеѓу Psenini и Pemphredonini е дека Psenini имаат преткрило со три субмаргинални ќелии, додека Pemphredonini никогаш немале повеќе од две подмаргинални ќелии. Неодамнешните класификации го третираат Psenidae (влучувајќи ги Odontosphecini) како друга, сестринска фамилија на новата фамилија Ammoplanidae, додека Pemphredonidae (освен Ammoplanina) се смета за сестринска на Philanthidae.[1]
Две фосилизирани оси од Велд Клеј.[3]
|