„Public Enemy No. 1“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Мегадет | |||||
од албумот Thirteen | |||||
Издаден | 13 септември 2011 | ||||
Формат | ЦД сингл, дигитално спуштање | ||||
Снимен | мај - јуни 2011 | ||||
Жанр | Хеви метал, треш метал | ||||
Должина | 4:15 | ||||
Издавачка куќа | Роудранер | ||||
Композитор | Дејв Мастејн Џони Кеј | ||||
Продуцент | Џони Кеј | ||||
Хронологија на синглови на Мегадет | |||||
|
Public Enemy No. 1 е песна од американскиот треш метал бенд Мегадет. Нумерата е во авторство на Дејв Мастејн, а беше издадена како прв сингл од нивниот тринаесетти студиски албум Thirteen. Датумот на објавување беше 13 септември 2011, симболично одбележувајќи го 50. роденден на Мастејн. Видео записот беше промовиран на 5 ноември истата година.[1]
Песната првпат била изведена во живо на 4 јули 2011 во Хамбург, Германија, неколку месеци пред нејзиното официјално објавување.[2]
На 31 октомври (Ноќта на вештерките) 2011, составот ја отсвирил песната во шоуто на Џими Кимел. Бидејќи настапот бил замислен во духот на празникот, членовите биле облечени во посебни костуми и биле непрепознатливи за публиката. Дејв Мастејн бил маскиран во чудовиштето на Франкенштајн, Дејвид Елефсон бил врколак, Крис Бродерик бил со маската на Фантомот од операта, додека Шон Дровер носел костим на Дракула. Освен споменатата композиција, Мегадет ја извеле и „Symphony of Destruction“ како одјавна нумера од програмата. Целиот настап бил поставен на мрежното место на „Шоуто на Џими Кимел“.
„Public Enemy No. 1“ била номинирана за Греми награда во категоријата „Најдобра хард рок/хеви метал песна“ за 2012 г. но загубила од песната-кандидат на Foo Fighters.[3] Тоа била 10-тата последователна Греми номинација за Мегадет која се покажала недоволна да им ја донесе златната грамофонска статуетка.
Мастејн има изјавено дека „Public Enemy No. 1“ е песна посветена на гангстерот Ал Капоне, кој дејствувал во 20-тите години од минатото столетие. Можната инспирација за нумерата е една непријатна случка која ја доживеал бендот снимајќи во старо и напуштено студио. Тогаш Мастејн прокоментирал дека тоа место може убаво да послужи како скривница на Капоне. И во текстот има неколку стихови кои говорат за крвавите подвизи на Капоне и неговата решеност да не биде уапсен.
На 20 септември 2011 г. басистот Елефсон дал изјава дека групата моментално снима спот за песната во Валенсија (Калифорнија). Филмот е во вестерн стил, а во него освен членовите на Мегадет, во главна улога се два мајмуни, кои се алегорија на Капоне и агентот Елиот Нес. Во него се прикажани неуспешните обиди на полицијата да го фати нарко-картелот, кој секогаш некако успевал да им побегне. На 4 ноември записот бил поставен на официјалното мрежно место на бендот.