Staphylococcus capitis | |
---|---|
S. capitis во ’рбетномозочна течност. | |
Научна класификација | |
Царство: | Bacteria |
Колено: | Firmicutes |
Класа: | Bacilli |
Ред: | Bacillales |
Семејство: | Staphylococcaceae |
Род: | Staphylococcus |
Вид: | S. capitis |
Staphylococcus capitis е коагулаза-негативен вид од родот Staphylococcus. Овој вид е дел од нормалната микрофлора на човековата кожа, а најзастапен е на кожата на скалпот, лицето, вратот и ушите.[1]
Коагулаза-негативните стафилококни видови создаваат слузави биофилмови кои им овозможуваат да се прикрепат за разни медицински уреди како што се протетски валвули и катетери. Оваа особина прави да тие тешко се отстрануваат од страна на имунолошкиот одговор на пациентот во текот на антибиотската терапија. Бидејќи овие бактерии се дел од нормалната флора на кожата и мукозните мембрани, тие можат да бидат воведени во внатрешните ткива секогаш кога кожата и мукозните мембрани се повредени, дали преку венска пунктура, вметнување на медицински уреди итн. Коагулаза-негативните стафилококни видови, како што се S. epidermidis и S. capitis, се евидентираат како најчестата причина за протетски валвуларен ендокардит.[2][3][4]
S. capitis, за среќа, има помала склоност кон антибиотска резистенција и, исто така, создава помала количина на биофилм, во споредба со другите коагулаза-негативни стафилококи. Ова ја подобрува шансата за успешно сузбивање на перипротетски инфекции со S. capitis, во споредба со другите коагулаза-негативни стафилококни видови, како што е S. epidermidis .[5]