Tenthredo amoena | |
---|---|
Tenthredo amoena, dorsal view | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Потколено: | Hexapoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Tenthredo |
Вид: | T. amoena |
Научен назив | |
Tenthredo amoena Gravenhorst, 1807 |
Tenthredo amoena е вид растителна оса што припаѓа на семејството Tenthredinidae (обични пилести оси).[1]
Овој вид може да се најде во поголемиот дел од Европа.[2] Во Македонија е најден во Маврово.[3]
Tenthredo amoena може да достигне должина од околу 9-11 милиметри.[4] Овие растителни оси имаат црно тело со жолтеникави ознаки и кратки антени, кои се околу една и пол пати поголеми од ширината на главата. Првиот елемент на антената е чисто жолт. Кај машките единки првиот, петтиот и седмиот и осмиот тергит на стомакот се жолти. Скутелумот често се забележува со жолта боја. Крилата покажуваат бледо кафеава боја со долга кафеава птеростигма. Кај женките, врвовите на тибиите и тарзиите се жолти со црни ознаки. На нозете, коксите се чисто црни,[5] трохантерите жолти, фемурите црни, освен во основата.
Овој вид е прилично сличен со Tenthredo distinguenda.
Возрасните единки може да се сретнат од јуни до јули. Се хранат со нектар и цветен полен (особено од видовите штитоцветни). Ларвите се хранат со лисја од видовите Hypericum, главно од кантарион и Hypericum maculatum. Овие ларви се жолто-зелени со црни дамки и жолта глава.
„Tenthredo amoena“ на Ризницата ? |
|