Tenthredo bifasciata | |
---|---|
Tenthredo (Cephaledo) bifasciata | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Потколено: | Hexapoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Tenthredo |
Вид: | T. bifasciata |
Научен назив | |
Tenthredo bifasciata O. F. Muller, 1766 |
Tenthredo bifasciata е вид пиласта оса од семејството Tenthredinidae.[1]
Овој вид може да се најде во Средна и Јужна Европа, и се среќава на повеќе места во Македонија.[3][4]
Tenthredo bifasciata главно живее на ливади, особено близу до шумските области.[5]
Tenthredo bifasciata може да достигне должина од 11-13 милиметри.[5] Градите и главата се црно-кафеави. Абдоменот покажува една или две попречни бели или бледо жолти ленти, понекогаш прекинати. Крилата се жолтеникаво-кафеави или затемнети со метална рефлексија.[6]
Овие пиласти оси може да се сретнат од јули до август.[5] Возрасните главно се хранат со нектар и полен на штитоцветните растенија, особено со Heracleum sphondylium. Ларвите се хранат со Sonchus arvensis.
|