Tenthredo colon | |
---|---|
Tenthredo colon, imago | |
Tenthredo colon, larva | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Потколено: | Hexapoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Tenthredo |
Вид: | T. colon |
Научен назив | |
Tenthredo colon Klug, 1814 | |
Синоними | |
|
Tenthredo colon е вид на растителна оса од семејството Tenthredinidae.[1]
Tenthredo colon може да достигне должина од околу 10-13 милиметри.[2] Овие поси имаат црна боја на главата и градниот кош. Абдоменот е црн со црвеникава површина кон врвот. Нозете се црвеникави. Антените се црни, со бели точки.[3] Ларвите се бледо-кафеави со карактеристичен дијамантски модел на дијагонални вкрстени линии и потемна кафеава трага на главата.
Возрасните единки може да се сретнат од мај до август и се хранат со нектар (особено со Anthriscus sylvestris). Ларвите може да се најдат во септември. Тие се полифаги, но главно се хранат со лисја од Epilobium hirsutum, Chamerion angustifolium, Pteridium aquilinum и врба.[2]
Овој вид може да се најде во живите огради во поголемиот дел од Европа, како и во Турција, Транскавказ и Северна Азија.[2][4] Во Македонија видот е собран на планината Пелистер и во Агино Село, Кумановско.[5]
|