Tenthredo livida | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Потколено: | Hexapoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Tenthredo |
Вид: | T. livida |
Научен назив | |
Tenthredo livida Linnaeus, 1758 | |
Синоними | |
|
Tenthredo livida е вид инсект од семејството Tenthredinidae (обични растителни оси), потсемејство Tenthredininae.[1]
Овој вид е присутен во поголемиот дел од Европа.[2] Во Македонија се собрани примероци во Маврово, Пелистер и Кожуф.[3] Овие растителни оси главно живеат во шуми, покрај жива ограда и на краевите од шуми со смрека.[4]
Возрасните единки на Tenthredo livida се долги 12-15 милиметри.[4] Градите и главата се црни, со голема бела површина на устата и бели врвови на антените. Предните крила имаат бела и кафеава стигма. Овој вид е прилично променлив по боја. Стомакот е обично црн кај женките, портокалово-црвеникав кај машките единки.[5]
Возрасните единки може да се сретнат од април до август кога се хранат со мали инсекти и со нектар и полен од цвеќињата, особено од видовите Штитоцветни (Anthriscus sylvestris, Heracleum sphondylium).[4]
Ларвите се хранат со лисја од различни растенија (главно рози, брези и врби).[4][6] Ларвите се развиваат во периодот септември-октомври.[3]
„Tenthredo livida“ на Ризницата ? |
|