The Philosophical Review (мак. „Филозофски преглед“) — тримесечно академско списание за филозофија на филозофскиот факултет „Сејџ“ (Sage School of Philosophy) на универзитетот Корнел, а во издание на издаваштвото на универзитетот Дјук (Duke University Press)[1]. Во списанието излегуваат изворни дела од сите области на аналитичката филозофија, но уредништвото дава нагласок на разни тематики од општ интерес за академските филозофија. Секое издание содржи две до четири статии и неколку рецензии на книги. Во анкетата спроведена на популарниот филозофски блог „Leiter Reports“ во 2009 г., списанието е прогласено за најдоброто филозофско списание на англиски јазик.[2]
Списанието се издава непрекинато уште од 1892 г. Во првата година (Volume I) објавени се статии од истакнатите филозофи Вилијам Џејмс и Џон Дјуи.
Vendler, Zeno (1957). „Verbs and Times („Глаголи и времиња")“. The Philosophical Review. 66 (2): 143–160. doi:10.2307/2182371. JSTOR2182371.
Smart, J.J.C. (1959). „Sensations and Brain Processes ("Дразби и мозочни процеси")“. The Philosophical Review. 68 (2): 141–156. doi:10.2307/2182164. JSTOR2182164.
Harman, Gilbert (1965). „The Inference to the Best Explanation ("Изведување на најдоброто толкување")“. The Philosophical Review. 74 (1): 88–95. doi:10.2307/2183532. JSTOR2183532.
Donnellan, Keith S. (1966). „Reference and Definite Descriptions („Повикување и определени описи")“. The Philosophical Review. 75 (3): 281–304. doi:10.2307/2183143. JSTOR2183143.
Grice, H.P. (1969). „Utterer's Meaning and Intention ("Смислата и намерата на изустувачот")“. The Philosophical Review. 78 (2): 147–177. doi:10.2307/2184179. JSTOR2184179.
Nagel, Thomas (1974). „What Is It Like to Be a Bat? („Како е да си лилјак?")“. The Philosophical Review. 83 (4): 435–450. doi:10.2307/2183914. JSTOR2183914.
Lewis, David (1976). „Probabilities of Conditionals and Conditional Probabilities („Веројатности на условите и условни веројатности")“. The Philosophical Review. 85 (3): 297–315. doi:10.2307/2184045. JSTOR2184045.
Burge, Tyler (1986). „Individualism and Psychology („Индивидуализмот и психологијата")“. The Philosophical Review. 95 (1): 3–45. doi:10.2307/2185131. JSTOR2185131.
DeRose, Keith (1995). „Solving the Skeptical Problem („Решавање на скептичкиот проблем")“. The Philosophical Review. 104 (1): 1–52. doi:10.2307/2186011. JSTOR2186011.