Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Страдањата (The Suffering)e хорор-акција видео игра, изработена од Surreal Software и објавена од Midway Games во 2004. Во оваа игра се зборува за човекот Торк (Torque) кој е испратен во Затворот Абот на Островот Карнејт. Тој е обвинет и осуден на смрт за убиството на неговата поранешна сопруга и неговите две деца. Торк тврди дека го изгубил памтењето и не се сеќавал на ништо додека се случувало убиството. Истата ноќ, кога Торк беше префрлен на Островот Карнејт, имало земјотрес кој отпуштил армија на чудовишта во затворот. Ќелијата на Торк се срушила и тој успеал да избега. Сега тој патува низ целиот затвор, со цел да се извлече од островот жив. Во зависност од акциите на играчот, тој може да се спријатели со други затвореници или офицери или да ги убие. Дали Торк навистина ја убил неговата фамилија или таа била убиена од други луѓе, ќе се дознае на крајот на играта, во зависност од тоа дали играчот ги убивал пријателите или им помагал.