Trifolium barbigerum | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Розиди |
Ред: | Бобовидни |
Семејство: | Бобови |
Род: | Детелина |
Вид: | Trifolium barbigerum |
Научен назив | |
Trifolium barbigerum Torr. |
Trifolium barbigerum | |
---|---|
Научна класификација ![]() | |
Царство: | Plantae |
Класа: | Tracheophytes |
Класа: | Angiosperms |
Класа: | Eudicots |
Класа: | Rosids |
Ред: | Fabales |
Фамилија: | Fabaceae |
Подфамилија: | Faboideae |
Род: | Trifolium |
Вид: | T. barbigerum
|
Биномен назив | |
Trifolium barbigerum |
Trifolium barbigerum е вид на детелина позната по народното име брадеста детелина.[1][2]
Растението е домородно на централното крајбрежје и Северна Калифорнија и Орегон. Расте под 700 метри надморска височина. Области што се наоѓа овој вид на детелина ги вклучуваат северните Каналски Острови во Калифорнија, бреговите на Калифорнија и околу заливот на Сан Франциско.[1]
Расте во многу видови на живеалишта, вклучително и крајбрежни прерии, мешани зимзелени шуми, борови шуми и мочуришни - крајбрежни области. Се среќава и во нарушени и обработени површини.[1]
Trifolium barbigerum е едногодишна билка која расте исправено и нејзината текстура може да биде влакнеста или безвлакнеста. Листовите се поделени на овални ливчиња долги до 2,5 сантиметри, понекогаш со засеци на врвовите. Дршките на листовите се големи и имаат променлива форма.
Цветот е широк до 2,5 сантиметри. Секој цвет има чашка од чашкино ливче и кои се стеснуваат на една или повеќе реси кои се обложени со долги влакна. Во секоја чашка е цветната корола која може да биде розово виолетова, бела или двобојна виолетова и бела.
Периодот на цветање е од април до јули.
Trifolium barbigerum порано биле класифицирани со две сорти, кои не се во сегашна употреба: