Uncanny X-men

The Uncanny X-Men, на почетокот издаван само како The X-Men, е најважниот стрип во Х-Меn франшизата на Marvel Comics. Стрипот ни ја претставува групата на мутанти/суперхерои X-Men. Издаван континуирано, со една деветомесечна пауза, од изданието број 1 (Септ. 1963), е основа за многу нови серии во франшизата, вклучувајќи ги Astonishing X-Men, New X-Men, X-Factor, X-Force, серија едноставно наречена X-Men и Generation X.

Историја

[уреди | уреди извор]

Создаден од писателот/едитор Стен Ли (Stan Lee) и цртачот Џек Кирби (Jack Kirby), стрипот е за првпат издаден во 1963, претставувајќи ги во својот прв број оригиналните пет Х-Меn: Angel, Beast,Cyclops, Iceman,и Marvel Girl, нивниот учител, Professor X,како и нивните најголеми непријатели ,меѓу кои најмоќниот е Magneto. На почетокот издаван како двомесечник,станува месечник со број 14 (Ное. 1965).

Серијата престанува со издавање со број 66 (Март 1970), но се враќа како двомесечник девет месеци подоцна,иако нема нови броеви ,туку само реиздавање на старите. Издавањето продолжува на овој начин сè додека тимот не е целосно сменет и стилистички донесен во новото време,со нови членови,во Giant Size X-Men број 1 (Мај 1975). The X-Men повторно почнуваат со издавање нови приказни со број 94 (Авг. 1975), но останува двомесечник сè до број 112 (Авг. 1978).

Marvel го издаваат стрипот и како двонеделник за кратки периоди во 1988-90, 1999, и 2002-06. До раните 1980-ти стрипот станува еден од најдобро продаваните Американски стрипови ,правејќи многу од писателите и цртачите во звезди на индустријата и создавајќи други серии засновани на X-Men како The New Mutants,Excalibur и Wolverine ,како и многу други минисерии.

X-Men или Uncanny X-Men ?

[уреди | уреди извор]

Наречен на почеоткот само како The X-Men, стрипот го додава зборот "Uncanny" на неговата насловна страна на бројот 114 (Окт. 1978), и официјално го менува насловот во The Uncanny X-Men со бројот 142 (февруари 1981). Кога новата серија стипови наречена само X-Men почнува со издавање во 1991, обожавателите и историчарите ги класифицираат изданијата пред 1981 како The X-Men Vol. 1 или,поприфатливо во секојдневниот говор, The Uncanny X-Men.

Други серии засновани на X-Men и мешање на приказните со нив

[уреди | уреди извор]

Уште од издавањето на серијата X-Men од 1991 , приказните од различните серии се мешаат меѓу себе до извесен степен.Од 1991-1995, на краток период во 1997, и од 2000 па се досега, The Uncanny X-Men и X-Men пратставуваа различни тимови на X-Men. Појавувањето на Uncanny X-Men карактер во X-Men или обратно не е изненадувачко, но главните приказни околу карактерите обично се претставуваат во посебните серии како посебни , само за таа серија приказни. Од 1995-96, кога Scott Lobdell ги пишува двете серии ,и од 1998-2000, кога Alan Davis ги пишува двете,Uncanny X-Men и X-Men се третирани како едно издание кое излегува на две недели, во кое приказните од Uncanny X-Men водат директно во наредните изданија на X-Men.

Како многу други популарни стрипови,Uncanny X-Men издаваат годишни изданија кои сè до двојно повеќе страници , издавајќи ги од 1971-72 и повторно од 1979-2001. По успехот на Ultimate Marvel годишниците, Uncanny X-Men повторно почнува со издавање на годишниците од 2006.