Светлинската крива на V1369 Кентаур изведена од податоците на АЗНПЅ.
V1369 Кентаур (Centauri), позната и како Нов Кентаур (Nova Centauri) 2013, ― поранешна светла нова во соѕвездието Кентаур, што се случила во 2013 година. Откриена била на 2 декември 2013 година од аматерскиот астроном Џон Сич во Австралија со јачина од 5,5 степени.[5][6] На 14 декември 2013 година го достигнала својот врв со јачина од околу 3,3 степени, што ја прави најсветлата нова досега на овој милениум.[7]
Нов Кентаур 2013 била забележана како емитува гама-зраци помеѓу 7-10 декември 2013 година од вселенскиот телескоп со гама-зраци „Ферми“.[8] Новата продолжила да се осветлува во гама-зраци и врвот се совпаднал со вториот оптички максимум на 11 декември 2013 година.[9]
Свифтовата гамозрачна испуштачка мисија открила емитување на X-зраци од Нов Кентаур на 18 и 25 февруари 2014 година и 8 март 2014 година.[10]
Местоположбата на V1369 Кентаур (заокружена со црвено).
Во јули 2015 година било објавено дека литиум бил откриен во материјал исфрлен од Нов Кентаур 2013 година. Ова е првпат литиум да биде откриен во систем на нова.[11] Откриената количина била помала од милијардитиот дел од масата на Сонцето.[11] Ова откритие е значајно затоа што поддржува теорија дека дополнителниот литиум што се наоѓа во ѕвездите на населението I (во споредба со ѕвездите од населението II) доаѓа од нови.[11]