W Лебед — полуправилна променлива ѕвезда во соѕвездието Лебед, на растојание од 570 светлосни години од Земјата. Се наоѓа на помалку од половина степен југоисточно од ρ Лебед.
W Лебед е, повремено, ѕвезда видлива од човековото око, но не и е доделена Бајерова или Фламстидова ознака. Забележано е дека е променлива ѕвезда од страна на Џон Елард Гор, откритие првично објавено во 1885 година.[9]
W Лебед има максимална величина од 5,10 и минимална величина од 6,83. Во каталозите е заведена како ѕвезда со примарен период од 131,7 денови, но се забележани и промени во сјаноста со периоди од 131 и 234 денови.[9][10] Се верува дека пулсира во првиот обертон.[8]
W Лебед е црвен џин на асимптотската гранака на џинови (АГЏ). Спектралниот тип на ѕвездата се движи од M4e до M6e, и се забележани можни повишени нивоа на технециум.[2] Масите на AGB ѕвездите се слабо познати, но користејќи ги пулсираќките својства на W Лебед, се добива дека масата му е малку помала од онаа на Сонцето.[8]
↑ 4,04,1Ducati, J. R. (2002). „VizieR Online Data Catalog: Catalogue of Stellar Photometry in Johnson's 11-color system“. CDS/ADC Collection of Electronic Catalogues. 2237: 0. Bibcode:2002yCat.2237....0D.
↑Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007-2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/gcvs. Originally published in: 2009yCat....102025S. 1. Bibcode:2009yCat....102025S.
↑Famaey, B.; Pourbaix, D.; Frankowski, A.; Van Eck, S.; Mayor, M.; Udry, S.; Jorissen, A. (2009). „Spectroscopic binaries among Hipparcos M giants,. I. Data, orbits, and intrinsic variations“. Astronomy and Astrophysics. 498 (2): 627. arXiv:0901.0934. Bibcode:2009A&A...498..627F. doi:10.1051/0004-6361/200810698.
↑ 8,08,18,28,38,48,5Takeuti, Mine; Nakagawa, Akiharu; Kurayama, Tomoharu; Honma, Mareki (2013). „A Method to Estimate the Masses of Asymptotic Giant Branch Variable Stars“. Publications of the Astronomical Society of Japan. 65 (3): 60. Bibcode:2013PASJ...65...60T. doi:10.1093/pasj/65.3.60.