Јаков Тумаркин (хебрејски: יעקב יאן טוּמַרקין; Чељабинск, 15 февруари 1992 година) е израелски пливач и репрезентативец. Неговата специјалност е пливање грбен стил, а посебно дисциплината 200 м грбно.
Тумаркин на меѓународната сцена дебитирал на Европското јуниорско првенство 2009 година каде не успеа да се квалификува за финалните трка и на 100 и 200 м грбно. Следната година на истото првенство го освоил и првиот медал, злато на 100 и бронза на 200 метри грбно.[1] Во ноември 2010 година на европското првенство во мали базени во Ајндховен успеал да исплива нов национален рекорд на Израел во 200 м грбно (нов рекорд со време од 1:53,46 минути).[2]
Во јули следната година, на светското првенство во Шангај во 2011 година испливал нов национален рекорд на 200 метри грбно во големи базени (1:58,21 минута).[3] Неговата единствена трка на ова првенство, ја завршил на 16 место во полуфиналето, а тоа било, негово прво поголемо полуфинале на натпреварите од највисок ранг.
На Европското Првенство во Будимпешта во 2012 година освоил два бронзени медали на 100 и 200 метри грбно и на истото првенство успеал да дојде до Олимписка норма во двете дисциплини. На ЛОЈ 2012 во Лондон , на 100 метри не успеа да се квалификува, бидејќи бил 24.
По нешто lполоши резултати во периодот 2013-2014 година во август 2015 година. поставувил нов национален рекорд на 200 метри грбната (1:55,96). Нешто порано, на светското Првенство во Казан успевал да се квалификува за полуфинале на трките на 100 грбно , каде што го заземал 12. место. За 200 метри грбно го заземал 17 место во квалификациите (само за 0,6 секунди побавно од времето потребно за полуфинале), и за првпат ја пливал и трката на 200 меша во која беше 14. во квалификациите, односно 11. во полуфинале (со време од 1:58,86).
На настап на Олимписките игри ЛОЈ 2016 година. во Рио , каде што 100 на грбно бил 27 во квалификациите, дедека на депло подолгата делница успеал да се квалификува во полуфиналето, каде што тој завршил на солидно 15 место.
На своето четврто последователно светско Првенство во Будимпешта во 2017. тој пливал во 4 дисциплини, а најдобри резултати постигнал на 100 метри грбно, каде што завршил на 11 место во полуфиналето (53,92 секунди). На 200 метри грбно бил 23 во квалификациите (1:59,25 минути), и на 200 мешано бил 16 во полуфиналето (1:59,98).