Јакуп Сатар | |
---|---|
Починал | 2 април 2008 (aged 110 години и 22 дена) |
Држава | Османлиско Царство Турција |
Служба | 1915–1923 |
Битки/војни | Прва светска војна Втора битка кај Кут Турска војна за независност |
Јакуп Сатар (отомански турски: يعقوب ﺳﺘﺎﺮ; роден на 11 март 1898 година - починал на 2 април 2008 година, на 110 години) се верува дека бил последниот турски ветеран од Првата светска војна. Починал на 110 години.[1]
Роден на Крим, Сатар се приклучил на армијата на Отоманското Царство во 1915 година. На 23 февруари 1917 година, тој бил заробен од страна на Британците во Втората битка на Кут во кампањата во Багдад. Тој бил ослободен по завршувањето на војната,[2] Сатар тогаш служел во силите на Мустафа Кемал Ататурк во Турската војна за независност, која траела од 1919 до 1923 година.
Непосредно пред неговиот 110-ти роденден, тој бил лекуван од мала инфекција во воената болница пред да биде пуштен дома, каде што живеел со својата ќерка во областа Сеитгази во Ескишехир.[3] Тој починал наскоро откако наполнил 110 години.
Неговите спомени од војната за независност и неговиот секојдневен живот заедно со оние на уште двајца ветерани, Омер Ќујук и Вејсел Туран, се прикажани во документарниот филм „Son Buluşma“ (2007) (англиски: The Last Meeting) од Несли Чилгечен.[4]