Јаоникиј III Цариградски | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Црква | Цариградска патријаршија |
Ракоположен | 26 март 1761 |
Службата завршила | 21 март 1763 |
Претходник | Серафим II |
Наследник | Самуил I |
Лични податоци | |
Роден | о. 1700 |
Починал | 1793 Манастирот во Халки |
Претх. служба | Српски патријарх 1739–46 Митрополит во Халкедон |
Јоаникиј III Цариградски — пеќски архиепископ и српски патријарх во периодот од 1739 до 1746 година[1] и вселенски патријарх од 1761 до 1763 година.
Јаоникиј е роден околу 1700 година во влијателно византиско и фанариотско семејство Караџа.[2] Тој станал ѓакон во служба на патријархот Пајсиј II и подоцна бил прогласен за протосинкел.[3]
Со договорот од 1739 година во Белград со кој завршила Австро-Руската–Турска Војна (1735–39), Кралството Србија престанало да постои. Султанот го сменил просрпскиот Печки патријарх Арсениј IV и на негово место го поставил гркот Јоаникиј, кој ја имал титулата Печки архиепископ и српски патријарх. Претходниот патријарх се преселил на север во Хазбуршката монархија заедно со многу Срби, денес познати под името Втора српска преселба. Арсениј IV станал митрополит Карловски, одржувајќи ја врската со Србите кои останале во Отоманското Царство под јурисдикција на Јонаикиј. Јоаникиј бил Печки патријарх сè до 1746 година кога поради големите долгови од неговото луксузно живеење бил приморан да ја продаде титулата за да ги плати кредиторите.[3]
По враќањето во Цариград, во септември 1747 година бил назначен за митрополит во Халкедон. На 26 март 1761 година бил избран за Вселенски патријарх, каде останал сè до 21 мај 1763 година кога бил заменет и прогонет на Света Гора.[4]
Благодарение на поддршката на неговото семејство, Јоаникиј се вратил од прогон и се стекнал со одреден приход од манастирот на островот Халкиво близина на Цариград, wкаде починал во 1793 година.[3]