Јован VI Цариградски — Вселенски патријарх од 712 до 715 година.
Јован VI бил поставен за патријарх во 712 година од страна на царот Филипик,како замена за сменетиот патријарх Кир. Јован бил избраник на Филипик, бидејќи и двајцата биле монотелитисти. Верските политики на новиот патријарх и цар предизвикале привремен раздор во односите со римската црква. Сепак, во 715 година новиот цар Анастасиј II го заменил Јован VI со православниот патријарх Герман I.
Духовни титули | ||
---|---|---|
Претходник Кир I |
Цариградски патријарх 712–715 |
Наследник Герман I |
![]() | Оваа биографска статија статија личност од Византија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
![]() | Оваа статија поврзана со православен епископ е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |