Јован XI Цариградски (о. 1225 – март 1297) — Вселенски патријарх од 2 јуни 1275 година до 26 декември 1282 година, и главен предводник во Византија, за обединување на правоиславната црква и католичката црква.
Јован бил родум од Никеја од исгоненици од Цариград за време на Латинското владение со градот, и починал во затвор во тврдината Св. Григориј во близина на влезот од заливот во Никомедија.[1] За животот на Јован се знае од неговите пишувања, пишувања од византиските историчари као што се Георги Пахимер[2] и Никифор Григора, од пишувањата против него од Григориј II и други, и од поддржувачи на унијата како што се Контантин Мелитениота и Георги Метохита. Животот на Јован е цврсто сврзан со унијатството на црквите прогласено на Вториот Лионски собор (1274), унија промовирана од папата Григориј X на запад и царот Михаил VIII на истокот. Заложбата за унија на Михаил VIII во голем дел била политички мотивирана,[3] И Јован отпрвин се противел, но, откако Михаил VIII го затворил во „Анемас“ поради неговото противење, Јован го сменил својот став во 1273 година, писма од отците од Свети Василиј Велики, Св. Кирил Александриски и Св. Епифаниј го убедиле дека теолошките разлики меѓу исокот и западот се претерано надувани.[4] Откако Јосиф I се повлекол во 1275 година поради своето противење на Вториот Лионски собор, Јован бил избран да го замени. Неговата врска со царот понекогаш била проблематична, но Михаил VIII dзависел од Јован за одржување на мирот со западот, и многу се нервирал поради Јовановото поддржување на сиромашните. Михаил VIII бил вешт манипулатор, знаел како да му го загорчи животот на патријархот со разни мали посрамувања, сè до март 1279 година, кога Јован се повлекол во гадење, и морал повторно да биде убедуван да се врати на 6 август 1279 година. Последните години од животот на Михаил VIII биле целосно исполнети со одбрана на кралството од заканата на западниот крал Карло I Анжујски, и во страв да не се оствари заканата Михаил VIII спровел терор против сите противници на унијата, но не постојат докази дека Јован учествувал на каков било начин во овој терор.[5] Иако на почетокот на своето патријархување Јован ветил дека нема да реагира на памфлетите кои биле пуштени против унијатството, но во последните години на владеењето на Михаил VIII не го сменил мислењето по ова прашање, и започнал да држи „бројни синоди, повикувајќи ги сите, и започнал да бара книги и да се пишуваат нови,“[6] бранејќи ја унијата на теолошки основи, објаснувајќи ја сличноста на латинската доктрина со источната традиција. Ефектот на сето ова бил понатамошно оттуѓување на свештенството и свртување на истото против него, токму оваа објавувачка дејност била основа за обвинувањата кои биле поднесени против него.[7]
Унијата оркестрирана од страна на Михаил VIII никогаш не фатила корен во Византија, и по неговата смрт на 11 декември 1282 година, неговиот син и наследник, Андроник II, го поништил. Еден ден по Божиќ, 1282 година, Јовансе повлекол во манастир и поранешниот патријарх, Јосиф I, бил повикан во градот набрзина, и биле одржани серија на собори и јавни средби, предводени од антиунионистички монаси. Јован, во страв од насилна смрт од рацете на толпата, бил приморан да потпише формално откажување од неговите унионистички ставови и свештенство (јануари 1283), откажување за кое подоцна рекол дека го потпишал под принуда, bно истото било искористено против него.[8] По ова, Јован минал неколку години во домашен притвор во голем манастир во Пруса во Мала Азија. Оттаму, тој започнал литературна кампања за да се искупи, и успеал да свика собор кој ќе го преиспита неговиот случај, во кралската палата во Влахерна Цариград, кои се состанале неколкупати од февруари до август 1285 година. Иако соборот во Влахерна ја потврдил Јовановата осуда, по завршувањето на судењето Јован, со серија на писма, успеал да ја доведе својата догматска изјава против него (Томос од 1285) во таков злоглас,поради што неговиот прв автор, Григорија II, се повлекол во 1289 година. Јован на ова гледал како оправдување. Тој остатокот од својот живот го минал во затвое во тврдината Св. Грегориј, прегледувајќи ги своите пишувања, одржувајќи пријателски односи со истакнати византиски свештеници, но не сакал да се откаже од своите унионистички ставови, починал во 1297 година.[9]
Основата на кавгата на Јован со неговите современици било несогласувањето со нив во врска со последиците од традиционалната светоотечка формула, која тврди дека Светиот дух потекнува од господа низ синот. Веќе во деветтиот век овој израз бил развиван во два различни правци: латинските автори го толкувале преку Августијановата доктрина дека Светиот дух потекнува од Господа и синот (Филикве),додека пак источните автори, особено оние од времето на фотиј I па натаму, тврделе дека Светиот дух потекнува само од Господа. Јован првично се согласувал со Фотиевиот поглед, но со читањето ан отците, и средновековните автори како Никифор Блемид и Никита Маронелски, го натерале да си го промени ставот. Поголемиот дел од дебатата на Јован XI со Григориј II била околу значењето на текстовите на Св. Кирил и останатите отци, чии текстови, Јован ги согледал како поддржувачки на латинската доктрина, додека пак Григориј ваквите текстови ги сметча за внатрешна манифестација на Светиот дух низ или од синот. Оваа дебата од XIII век има особена важност денес во разговорите меѓу православната црква и католичката црква.
Повеќето од записите на Јован XI можат да се најдат во том. 141 од Мињовата Patrologia Graeca, иако дел од нив сè уште не се издадени. Мињ ги препечатува изданијата на Лав Алациј од XVII век, подобро издание било направено од Х. Ламер во XIX век, но дури и ова издание има недостаток од Јовановите наводи. Само неколку, куси дела на Јован имаат современо критичко издание. едно од нив е De pace ecclesiastica, пронајдено во делото на В. Лорен и Ж. Дарузе, Dossier Grec de l’Union de Lyon, 1273–1277 (Париз, 1976); во ова дело, Јован ги поставува причините на шизмата меѓу црквите само на историска основа, посочувајќи дека Фотиј одбрал да тргне во поход против латинската доктрина откако неговото тврдење за правиот Вселенски патријарх било одбиено од страна на папата Никола I.
Некои од најпознатите Јованови дела се:
Малку е пишувано за Јован XI на англиски.
</noinclude>
More has been written on Bekkos in other languages. Highly to be recommended is a new book in German:
Духовни титули | ||
---|---|---|
Претходник Јосиф I |
Цариградски патријарх 1275–1282 |
Наследник Јосиф I |
|