Јован Митрески | |
---|---|
Потпретседател на Собранието на Македонија | |
На должноста | |
Стапил 28 мај 2024 | |
Претседател на Собранието на Македонија | |
На должноста 26 јануари 2024 – 28 мај 2024 | |
Претходник | Талат Џафери |
Наследник | Африм Гаши |
Лични податоци | |
Роден(а) | 20 ноември 1980 Струга, СР Македонија, СФРЈ |
Народност | Македонец |
Партија | СДСМ |
Вероисповед | Православен Христијанин |
Јован Митрески (20 ноември 1980 во Струга) — македонски политичар и економист. Во јануари 2024 година, тој бил избран за претседател на Собранието на Македонија.[1][2]
Јован Митрески е роден во 1980 година во Струга. Основното образование го завршува во родниот град, а средното образование во соседниот Охрид. Во 2004 година дипломира на Економскиот факултет во Прилеп при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола.[3] По дипломирањето работи како сметководител, а од 2007 година е професор по стручни економски предмети во СОУ „Нико Нестор“ – Струга.[4]
Митрески едноподруго е избиран за пратеник во Собранието од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на парламентарните избори во 2014, 2016 и 2020 година. Во вториот и третиот мандат е координатор на пратеничката група на коалицијата предводена од СДСМ.
На 26 јануари 2024 година Митрески е избран од мнозинството пратеници со 64 гласови „за“ и 40 гласови „против“ за претседател на Собранието. Тој го наследува Талат Џафери, кој има мандат за формирање нова влада која согласно Пржинскиот договор ќе функционира до парламентарните избори закажани за 8 мај.[5]
|dead-url=
(help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date=
(help)