Јована Бракочевиќ

 

Бракочевиќ во 2018 година

Јована Бракочевиќ (родена на 5 март 1988 година) е професионална српска одбојкарка, била членка на женската одбојкарска репрезентација на Србија која го освоила сребрениот медал на Летните олимписки игри во 2016 година, а исто така и сребрениот медал на Европското првенство 2007 година во Белгија и Луксембург. Таму била прогласена за најдобра серверка на турнирот. Јована била и членка на женската одбојкарска репрезентација на Србија која го освоила златниот медал на Европското првенство во Србија и Италија во 2011 година. На тоа првенство била избрана за МВП на турнирот.

Јована настапувала за селекцијата на Србија на Летните олимписки игри 2008, 2012 и 2016 година. Во 2016 година на летните олимписки игри во Рио го освоила сребрениот медал.[1] [2]

Во сезоната 2010/2011 настапувала за екипата на Гуангжу Евергранд во 361° кинеската женска одбојкарска лига.

Во јуни 2011 година, екипата на ЈТ Марвелоус објави дека ќе се приклучи за идната сезона.[3]

Јована го освоила златниот медал и наградите МВП и за најдобар напаѓач во натпреварите од Европската лига 2011 година.[4]

Бракочевиќ го освоила златниот медал на Светското клупско првенство во 2013 година и наградата за најкорисен играч играјќи со клубот на Вакифбанк од Истанбул.[5]

Поединечни награди

[уреди | уреди извор]
Бракочевиќ игра за Грот Будовлани Лоѓ во 2018 година
  • Европско првенство 2007 „Најдобар сервер“
  • 2007 година Најдобра спортистка на Војводина
  • 2010 Европската лига „Најдобар напаѓач“
  • 2010–11 Кинеска одбојкарска лига „Најкорисен играч“
  • Европска лига 2011 „Најкорисен играч“
  • Европската лига 2011 „Најдобар напаѓач“
  • Светско ГП 2011 „Најдобар поентер“
  • Европско првенство 2011 „Најкорисен играч“
  • 2011 година „Најдобра спортистка“ од Олимпискиот комитет на Србија
  • 2011 година Најдобра спортистка на Војводина
  • 2012–13 ЦЕВ Лигата на шампионите „Најкорисен играч“
  • Финална серија на турската лига 2012-13 „Најдобар поентер“
  • Светско Гран При 2013 „Најдобар одбранбен играч“
  • Светско клупско првенство на ФИВБ 2013 „Најкорисен играч“
  • Најдобар напаѓач на Европското првенство ЦЕВ 2013
  • 2010-11 Кинеска прва лига - финалисти со екипата на Гуангжу Евергранде
  • 2012-13 Освоен е Турскиот куп - со екипата на Вакифбанк Спор Клуб
  • 2012–13 ЦЕВ Освоена е шампионската лига- со екипата на Вакифбанк Спор Клуб
  • 2012-13 освоен е турската одбојкарска лига - со екипат на Вакифбанк Спор Клуб
  • 2013 Светски клубски шампион - со екипата на Вакифбанк Истанбул
  • 2018 освоена е првта романска лига - со екипата на ЦСМ од Букурешт
  • 2018-19 финалист со екипата на Будовлани од Лоѓ
  • 2020-21 освоен е полскиот куп со екипата на КПС Хемик Полис
  1. „Jovana Brakočević Bio, Stats, and Results“. Olympics at Sports-Reference.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-07-22. Посетено на 2017-07-10.
  2. „Team Roster - Serbia“. rio2016.fivb.com. Посетено на 2017-07-10.
  3. JT website(ja). „ヨヴァナ・ブラコチェヴィッチ選手の入部が決定しました“. Посетено на 2011-11-11.
  4. CEV (2011-07-15). „Serbia claims third consecutive crown“. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 2011-07-16.
  5. „Vakifbank Istanbul fly to first Women's Club World Champs title, China claim bronze“. Zurich, Switzerland: FIVB. 2013-10-13. Посетено на 2013-10-13.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]