Јовица Тасевски - Етернијан | ||
Роден | Јовица Тасевски 25 јули 1976 Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | македонски поет, есеист, критичар и преведувач. |
Јовица Тасевски - Етернијан (роден на 25 јули 1976 год. во Скопје) — македонски поет, есеист, критичар и преведувач.[1]
Дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. Работи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Уредник е на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ - Прилеп. Уредник-консултант е на индиската книжевна ревија „Инчентин версис“. Член е на издавачкиот совет на референтното научно списание „Сајбер литература“. Бил стручен советник за македонска поезија во меѓународниот поетски проект „Други гласови“ - антологија на светската поезија вклучена во World Poetry Directory на УНЕСКО.[2][3][4]
Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, Британското поетско друштво (The Poetry Society)[5][6][7][8] и Светското поетско друштво.[9] Почесен член е Австралиското поетско друштво.[10][11][12][13]
Го има добиено интернационалното поетско признание „Восхитувачки поет“ што се доделува во Индија за исклучителен придонес во современата поезија.[14][15]
Заедно со Маја Апостолоска го има составено изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви што излезе како специјален број на списанието Стремеж (11/12. 2000). Приредувач е и на антологијата на младата македонска поезија „Неидентификувана небесна дојка“ (2001).
Врз основа на неговата поезија, во 2005 година, во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ - Велес била изведена претставата „Небесни стражи“ во режија на Весна Димитровска.
Неговата поезија е преведена на петнаесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во над дваесет држави.[16]
За неговата поезија се напишани повеќе позитивни критички осврти и студии од македонски и странски автори. Во објавените прилози и осврти во странство за песните на Етернијан се истакнува дека „се одликуваат со впечатлива сликовитост, иновативен израз и збиен јазик со преплетени значења, алузии и неочекувани конотации“ („Виндмилс“, Универзитет Диакин, Австралија), „исполнети се со инвентивни и импресивни поетски слики“ и се одликуваат со „интелектуална и духовна длабочина“ („Бук Тајмс“, САД), неговите дела имаат „митски квалитети на сакрален текст“ и „извираат од моќна поетска имагинација“ („Калина Ривју“, Велика Британија), се нагласува дека „поезијата на Етернијан е мистична, елиптична, повеќезначна и се одликува со раскошна, уникатна и впечатлива сликовитост, која произлегува од стремежот кон бескрајноста“ („Рекурс о поем“, Франција) и дека пристапот на Етернијан кон пишувањето поезија е „многу креативен, сложен, интелектуален и духовен, при што во неговите песни може да се најдат длабочина и целосност какви што ретко се сретнуваат денес“ (д-р Шаменаз Шеик, „Болоџи“, Индија).[18][19][20]
|