Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
15 август 1996 Городенка, Украина | ||
Националност | Романија | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | м | 1,78||
Позиција | голман | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | Р’мнику В’лча | ||
Број | 20 | ||
Младински клубови | |||
Баја Маре | |||
Сениорски клубови | |||
2013-2014 2009-2013 2013-2017 2017- |
→ Нептун Контсанца Баја Маре СЧМ Крајова Р’мнику В’лча | ||
Репрезентација | |||
2006– | Романија | 26 (0) | |
Јулија Думанска (родена на 15 август 1996)[1] е романска ракометарка, голман на Р’мнику В’лча и на романската репрезентација.
Јулија Думанска е родена во Городенка, Украина, во семејство на спортисти. Таа почнала да игра ракомет во 2007 година на 11 години во нејзиниот роден град. Во 2011 година таа била откриена од брачниот пар Јон и Јоана Марта кој ја довеле во ЧС "Марта" Баја Маре, клуб кој, меѓу другото, има за цел да открие и да тренира нови таленти.[2] Во 2013, Думанска била позајмена во ЧСУ Нептун Констанца, каде што била забележана на 7 јануари 2014 година, во натпревар од Лига Национала против Р’мнику В’лча.[3][4] За сезоната 2014-2015, Думанска се вратила во Баја Маре. Откако следните две сезони била стандардна на голот на Баја Маре, во 2016 година по распаѓањето на клубот таа се преселила во СЧМ Крајова. Во сезоната 2017-2018, Думанска со Крајова го освоила Купот на ЕХФ и второто место во романското првенство. Во летото 2018 година, потпишала за СЧМ Р’мнику В’лча. Во август 2018, го освоила со клубот Суперкупот на Романија победувајќи го ЧСМ Букурешт.
На 5 мај 2016 година, на настанот организиран во седиштето на Министерството за млади и спорт, Јулија Думанска добила романско државјанство.[5] Таа оттогаш е член на романската репрезентација,[6] и досега била повикана за Европското првенство 2016 и Светското првенство 2017.
„Јулија Думанска“ на Ризницата ? |