Јулијан Пшибош

Јулијан Пшибош
Јулијан Пшибош во 1940-ти години
Роден/а5 март 1901(1901-03-05)
Гвозница Горна, Австроунгарија
Починат/а6 октомври 1970(1970-10-06) (возр. 69)
Варшава, Полска
ЗанимањеПоет, есеист, преведувач
НационалностПолјак

Јулијан Пшибош (полски: Julian Przyboś; 1901-1970) - полски поет.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Пшибош е најголемиот поет на краковската авангарда во периодот пред Втората светска војна. Меѓутоа, своите најдобри поетски и теоретски дела ги напишал по започнувањето на војната, а по војната бил еден од најважните полски поети. За време на германската окупација, тајно објавил две збирки, „Додека ние живееме“ и „На тебе за мене“, кои се можеби неговото највисоко поетско достигнување, а повеќе песни од нив спаѓаат во најдобрите остварувања на полската поезија. Пшибош е авангарден и новатор во вистинската смисла на зборот - тој создал нов стих, нов речник и нова интонација на реченицата. Но, иако бил познат како најборбениот полски модернист, тој бил голем почитувач на најголемите полски поети од минатото - Адам Мицкјевич (кому му ја посветил книгата „Читајќи го Мицкјевич“), Норвид и Словацки, а од поетите меѓу двете светски војни особено го почитувал Болеслав Лесмјан. Исто така, тој е автор на најдобрата антологија на полски народни лирски песни. Пшибош работел стрпливо и напорно во изградбата на својот поетски израз при што бил напаѓан дека е апоетичен и дека ја разурнува поезијата. Меѓутоа, неговата долгогодишна работа се покажала исправна, зашто по Втората светска војна имал најголемо влијание врз полските поети. Низ неговата школа поминале многу поети од средната и од младата генерација, вклучувајќи ги и некои од најголемите имиња на повоената полска поезија: Збигњев Бјењковски, Тадеуш Ружевич, Мирон Бјалошевски и Тимотеуш Карпович.[1]

  1. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 87-88.