Љубодраг Димиќ

Димиќ (2012)

Љубодраг Димиќ (20 февруари 1956 година, Земун) е српски историчар, универзитетски професор и од 2012 година член на Српската академија на науките и уметностите.[1] Неговите основни области на студии се: историја на поранешна Југославија, историја на Студената војна, модерна политичка, социјална и културна историја на Србија и современа национална историја на српскиот народ.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Љубодраг Димиќ е роден во 1956 година во градот Земун во близина на Белград, главниот град на Србија и поранешна Југославија. Дипломирал историја на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград во (1980), магистерски студии (1985) („Агитпроп фаза на културната политика во Србија 1945-1952“) и докторски студии во (1993) („Културна политика во Кралство Југославија 1929-1941“). Од 1981 година работи како асистент истражувач во Институтот за понова историја на Србија во Белград. Во 1985 година бил префрлен на Историскиот отсек Филозофски факултет (Универзитет во Белград) каде работи како доцент, а од 1998 година како професор, носител на знакот за Историја на Југославија. Од 2003 до 2005 година бил раководител на Катедрата за историја.[2]Од 2001 година ја водел „Комисијата за вистина и помирување“ основана од претседателот на Сојузна Република Југославија. Член е на Одборот за историја на 20 век (Српска академија на науките и уметностите). Тој е исто така еден од основачите на Центарот за современа историја на Југоисточна Европа и раководител на Центарот за историја на Југославија и Студената војна. Член е на уреднички одбори на повеќе историски списанија. Тој е и почесен член на Центарот за студии за Студената војна на Лондонската школа за економија и политички науки.[2] Студирал и спроведувал истражувачка работа во Лондон, Прага, Брауншвајг, Москва, Екатеринбург и Париз. Учествувал во работата на разни научни конференции во Србија и во странство. Автор е на повеќе книги, уредник на повеќе томови историски материјал, писател на учебници по историја, а автор е и на повеќе од 220 научни трудови. Во 2012 година е избран за дописен член на Српската академија на науките и уметностите.[1]

Библиографија

[уреди | уреди извор]

Главни дела:

Други дела

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • „Димић Љубодраг“, во: Енциклопедија српске историографије (Енциклопедија на српската историографија), Београд 1997, стр.352.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]