Њандути (гварански и шпански: Ñandutí) е традиционална везена чипка. Името на гварански значи „пајакова мрежа“.
Чипката се изработува на платно која е убаво оптегната во рамка. Самата шара и дизајн се исцртува на платното. Конците, кои се во различна боја во зависност од желбата, се нанесуваат во и околу кружните шаблони, или пак се шијат директно на платното. Кога ќе се заврши самото шиење, платното што е во позадина се исекува и отстранува. Сечењето на шаблонот може да се изведе поединечно со секој елемент од мотивот, или пак да се извади од платното целиот мотив како една целина.[1]