Џебел Джебел | |
---|---|
град | |
Поглед на градот | |
Местоположба на Џебел во Бугарија | |
Координати: 41°29′51″N 25°17′59″E / 41.497366° СГШ; 25.299852° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Крџали |
Општина | Џебел |
Управа | |
• Градоначалник | Неџми Али (ДПС) |
Површина | |
• Вкупна | 9,041 км2 (3,491 ми2) |
Надм. вис. | 340 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 3.647 |
• Густина | 400/км2 (1,000/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 6850 |
Повик. бр. | +359 03632 |
Мреж. место | dzhebel.bg |
Џѐбел (бугарски: Джебел) — град во Југоисточна Бугарија, административен центар на општината Џебел во Крџалиската Област. Има население од 3.647 жители (2022).[1]
Градот е сместен во источните Родопи. Се наоѓа на 20 километри јужно од регионалниот центар на Крџали и на и 40 километри од граничниот премин Маказа на границата со Грција.
Името Џебел (тур. Cebel) има арапски корен ( جبل , jabal) и буквално значи „планина“.
Во античко време, областа на денешниот град била населена со тракиски племиња. Подоцна билa освоенa од Римјаните и билa дел од Византиската Империја. Во 9 век, регионот на денешниот град бил вклучен во границите на Првото бугарско Царство. Во 1460-тите, областа била освоена од Османлиите. За време на Отоманската империја населбата се викала Шехџумаја.
По Балканските војни, селото Шехџумаја било припоено кон Бугарија. Во 1934 година било преименувано во Џебел. Во 1940 година, кон селото Џебел биле додадени селата Главатарци и Едноверци. Во 1969 година кон него биле додадени селата Готварско и Дихановци, а селото Џебел било прогласено за град.[2]