Џепчиште Xhepçishti | |
Поглед кон Џепчиште | |
Координати 42°1′58″N 21°0′0″E / 42.03278° СГШ; 21.00000° ИГД | |
Општина | Тетово |
Население | 3.338 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1212 |
Шифра на КО | 28088, 28588 |
Надм. вис. | 443 м |
Џепчиште на општинската карта Атарот на Џепчиште во рамките на општината | |
Џепчиште на Ризницата |
Џепчиште (албански: Xhepçishti) — село во Општина Тетово, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово и седиште на поранешната истоимена општина. Поради својата големина и бројот на жители, Џепчиште е приградска населба на градот Тетово.
Селото се наоѓа во областа Долни Полог, во северниот дел на Полошката Котлина, северозападна Македонија и е приградска населба на Тетово. Сместена е недалеку во северен правец од градот Тетово, на оддаелеченост од четири километри. Селото е рамничарско, на надморска височина од 480 метри. Атарот е мал и зазема простор од 4,5 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 342 ха, па затоа селото, во однос на земјоделието, има полјоделска функција.[2] Се наоѓа на патниот правец кој води до границата со Косово.
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 60 семејства, 2 неженети и 6 вдовици, сите христијани.[3]
На крајот на XIX век, селото било дел од Полошката нахија во Тетовската каза на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, во Џепиште живееле 465 жители, од кои 80 Македонци и 385 Албанци.[4]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци и 100 Македонци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, Џепчиште има 4.051 жител и оттогаш претставува голема населба. Населението се состои од 3.934 Албанци, од кои 2.006 се од машки и 1.928 од женски пол, потоа 81 Македонец, 1 Влав и 35 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.338 жители, од кои 33 Македонци, 3.198 Албанци, 1 Турчин, 1 Влав, 2 останати и 103 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.680 |
1953 | 174 | 1.660 | — | — | — | — | — | 1 | — | 1.835 |
1961 | 152 | 1.959 | 26 | — | — | 3 | — | 1 | — | 2.141 |
1971 | 81 | 2.554 | 8 | — | — | — | — | 2 | — | 2.645 |
1981 | 94 | 3.047 | — | — | — | 1 | — | 10 | — | 3.152 |
1991 | 74 | — | — | — | — | 1 | — | 4 | — | 79 |
1994 | 75 | 3.758 | — | — | — | — | — | 1 | — | 3.834 |
2002 | 81 | 3.934 | — | — | 1 | — | — | 35 | — | 4.051 |
2021 | 33 | 3.198 | 1 | — | 1 | — | — | 2 | 103 | 3.338 |
Како најстар албански род во селото Џепчиште се споменува родот Скурај (61 куќа). Потекнува од Љума (во северна Албанија) во втората половина на XVIII век.[8]
Џепчиште е мешано македонско-албанско село.
Според истражувањата од 1946 година, родови во селото се:
Во селото постојат избирачките места бр. 2003, 2004, 2004/1, 2005 и 2006 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.892 гласачи.[11]
|