Џеј Рамадановски | |
---|---|
Џеј во 1998 г. | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 29 мај 1964 Белград |
Починал(а) | 6 декември 2020 Белград, Србија | (возр. 56)
Жанрови | поп-фолк |
Занимања | пејач |
Инструменти | пеење |
Период на активност | 1987–2020 |
Издавачи |
|
Соработници |
Џеј Рамадановски (Белград, 29 април 1964 - Белград, 6 декември 2020)[1] — српски пејач на фолк и поп-фолк музика.
Роден е во Белград, од ромско чевларско семејство доселено од Ресенско, Македонија. Детството го поминал во Белград со својата баба по мајка. Пристапува кон малолетничка деликвенција за што е приведуван и дел од младоста ја поминува во воспитно-поправен дом за малолетници каде изучува автолакерски занает. По одслужувањето на воениот рок, кратко време работи во фабриката за трактори и комбајни „Змај“. Повторно се враќа на животот на улица и ситниот криминал. Сепак започнива хонорарно да биде ангажиран како пејач на локални и поединечни ромски веселби, кога неговата дарба ја воочува Марина Туцаковиќ.
Својата популарност ја стекнал кон крајот на 1980-тите години, главно на просториите на Југославија и Србија. Прв забележителен настап имал на меѓународниот саем на музика МЕСАМ 1987 кога го освоил второто место на жирито и истовремено трета награда на публиката. Врвот на популарноста го достигнал во 90-тите и раните 00-ти години кога ги снимил своите најпопуларни албуми.
Со својата поранешна сопруга Нада има две ќерки Ана и Марија. Живеел во белградската населба Дорќол.
Оваа статија за музичар од Србија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |