Џими Замбо (роден Имер Замбо , 20 јануари 1958 - 2 јануари 2001) беше унгарски поп- пејач. Заради неговата популарност и опсег од четири октави го доби прекарот "Кралот".[1]
Замбо ја започна својата пејачка кариера во детскиот хор на унгарското државно радио. Помеѓу 1982 и 1986 година работел во САД во клупскиот круг пред да се врати во Унгарија. Неговиот пробив дојде во раните 1990-ти години, кога тој беше прогласен за унгарски пејач на годината во 1993 година. Неговиот албум " Божиќ со Џими" од 2000 година беше најпродаван во Унгарија многу недели пред неговата смрт. Сите негови албуми се платина. Помеѓу март 2000 година и неговата смрт тој беше домаќин на сопствената популарна емисија на комерцијална телевизија РТЛ Клуб .
Замбо починал на 2 јануари 2001 година, со рана од огнено оружје во главата. Полицијата во Будимпешта соопшти дека се навалил од прозорецот и испукал два куршума од неговата Берета од 9мм кон петелот на соседот во обид да го исплаши, поради чиешто пеење не можел да спие. Потоа, за да ѝ покаже на неговата сопруга дека во пиштолот нема повеќе куршуми, го отстранил магазинот, пиштолот го ставил на главата и повлекол. Сепак, во комората имало куршум, кој го погодил во главата. Бил однесен во болница,[2] каде починал неколку часа подоцна. Тој консумирал алкохол, иако не во голема количина. Во неговото тело не се најдени никакви видови на дрога. Овој инцидент бил прогласен за несреќен случај.