Џинкшаносаурус Jingshanosaurus Период: Рана Јура фосилни остатоци | |
---|---|
![]() | |
Скелет на „Џинкшаносаурус шиновејсис“ во Музејот на наука во Мајами. | |
Научна класификација | |
Типски вид | |
† „Џинкшаносаурус шиновејсис“ Жанг и Јанг, 1995 година |
Џинкшаносаурус (Jingshanosaurus) диносаурус одродот сауроподоморф од групата прозауроподи (Просауропода).[1]
Неговите фосили, скоро целосен скелет вклучувајќи го и черепот, биле пронајдени во близина на градот Јингшан („Златен рид“), во округот Луфенг, провинција Јунан, Кина, од каде му потекнува името. За прв пат бил опишан во 1995 година.Фосилните остатоци од Џинкшаносаурус биле изложени во музеите неколку години пред официјалното именување.[2]
Живеел во раниот период на Јура (пред околу 199–189 милиони години) во областите на Источна Азија. Должината на телото му била приближно 5-7,5 м. Неговите остатоци се пронајдени во Кина (во провинцијата Јунан).[3]
Џинкшаносаурус можеби бил најтесно поврзан со Јунаносаурус и, на моменти, бил вклучен во Јунаносауридите. Всушност, Донг сметал дека Џинкшаносаурус бил голем примерок на Јунаносаурус. Ако тоа е вистина, ова ќе го направи Џинкшаносаурус помлад синоним за Јунаносаурус.