Витез Џироламо Зулијан | |
---|---|
Грбот на Зулијан | |
Венецијански амбасадор во Света Столица | |
На должноста 1777–1783 | |
Монарх | Паоло Рениер |
Баило од Константинопол | |
На должноста 1783–1789 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | Џером Зулијан 1730 Венеција, Република Венеција |
Починал(а) | 1795 Венеција, Република Венеција |
Националност | Република Венеција |
Џироламо Зулијан (1730 – 1795)[1] бил венецијански благородник,[2] амбасадор, витез[3][4][5]покровител на уметностите, колекционер на уметнички дела и Сенаторе Амплисимо.[6] Член на Куќата на Зулијан,[7] тој бил најпознат по неговата водечка уметничка колекција и по тоа што бил еден од најраните покровители на Канова, негов голем пријател [8] од кого ги нарачал Тезеј и Минотаурот во 1781 година, додека служел како амбасадор во Рим. Зулијан бил заслужен што одиграл фундаментална улога во подемот на Антонио Канова до славата.[8]
Зулијан бил роден во Венеција, Република Венеција, во 1730 година.[1] Бил роден во влијателно старо[9] венецијанско благородничко семејство,[7] кое ја изградило Палацо Зулијан на Венецијанскиот КГолем канал во 17 век. Џироламо Зулијан ја оставил палатата во аманет на Приули од Сан Тровасо (или Св. Гервасиј и Протасиј[7]), како што било наведено во неговиот тестамент составен на 2 август 1794 година.[7] Понатаму, дел од уметничката збирка на Зулијан преминала во Приули.
За Зулијан се велело дека бил исклучително умен човек, кој, иако не бил ниту уметник, ниту научник, ја користел својата моќ и богатство за да ја промовирал и заштител уметноста. Зулијан бил војводски советник на Канареџо и базиликата Свети Марко, и постар судија на Советот на десет. Подоцна станал венецијански амбасадор во Светата Столица, а подоцна амбасадор во Константинопол. Зулијан бил витез.
Во 1777 година, Зулијан станал амбасадор во Рим. Набргу потоа, Зулијан го зел Антонио Канова под свое покровителство и заштита и значително му помогнал во Рим, пречекувајќи го како гостин и дозволувајќи му да претворил некои простории од неговата палата во свое ателје. Во 1781 година, Зулијан ги нарачал Тезеј и Минотаурот од Канова, едно од најраните дела на Канова откако се населил во Рим.
Зулијан, исто така, нарачал план за Падова од Џовани Волпато[10][11] додека бил во Рим. Тој го подарил оригиналот на Академијата во Падова, која го прогласила за почесен член, и на која ѝ дал други донации низ годините, вклучително и древна плоча откриена од Фортис, која го потврдила постоењето на култот на Изида во Албано, и биста на кардиналот Бембо. Зулијан, исто така, нарачал биста на Торквато Тасо од Џузепе Анџелини додека бил амбасадор во Рим, која ја подарил на својот пријател Пјерантонио Сераси.
Зулијан, следејќи го советот на Канова, ја пренел добро познатата скулптура, Нога од Колос, во Венеција неколку години пред 1785 година.[8] Зулијан го замолил Канова да ги обнови скулптурите.
Скулптурите денес се во Националниот археолошки музеј во Венеција. Зулијан ги подарил на институцијата во 1795 година.[12][8]
Кога бил избран за амбасадор во Костантинопол, Зулијан бил следен од Алберто Фортис, истакнат натуралист, неаполскиот ботаничар Доменико Сирило и францускиот научник Жан Батист Ле Шевалие.
Зулијан умрел во 1795 година, оставајќи на јавната библиотека на Свети Марко дел од својата колекција, која го вклучувала и неговиот Камео.[7]
Зулијан, човек со убав вкус и познавач на уметноста, составил вредна колекција на уметнички дела, кои ги чувал во Падова. Меѓу најскапоцените парчиња од збирката на Зулијан, имал скулптури и ретки скапоцени камења, собрани од Александрија и долж брегот на Анадолија. Зулијан починал непосредно пред падот на Републиката. Неговата колекција, завештана од него на градот Венеција, била поштедена од аукција и дисперзија, судбина што ги снајде повеќето локални колекции.[13]
<ref>
; називот „Tassini“ е зададен повеќепати со различна содржина.
|journal=
(help)
|