Џордан Тиодор | |
---|---|
![]() | |
Позиција | Разигрувач |
Висина | 1,83 м |
Тежина | 79 кг |
Лига | Серија А |
Клуб | ![]() |
Број | 25 |
Роден | 11 декември 1989 Енглвуд, Њу Џерси, САД |
Националност | Американец Македонец |
Драфт | 2012 / Не драфтуван |
Проф. кариера | 2012– |
Клубови | |
2012–2013 | ![]() |
2013 | ![]() |
2013 | ![]() |
2013-2015 | ![]() |
2015 | ![]() |
2015-2016 | ![]() |
2016-2017 | ![]() |
2017- | ![]() |
Репрезентација | |
Инфо од: 11.10.2017. |
Џордан Тиодор (роден на 11 декември 1989 во Енглвуд) ― кошаркар од Соединетите Држави. Тој бил Разигрувач на Олимпија Милано.
Тој исто така има македонско државјанство и настапувал за македонската репрезентација.
Тиодор израснал во Енглвуд, Њу Џерси и учел и играл кошарка во средното училиште Патерсон Католик.
Тиодор ја поминал целата своја колеџ кошаркарска кариера на Универзитетот Сетон Хал, играјќи за Сетон Хал Пајратс. Својата сениорска сезона со Пајратс ја завршил со просек од 16.1 боди по натпревар и 6.6 асистенции по натпревар.[1] Тиодор го скршил рекордот на Голден Санкет од 197 асистенции за една колеџ сезона поставен во сезоната 1962-1963, остварувајќи 226 асистенции.
На 15 јули 2012, Тиодор потпишал договор со турската Анталија.[2] Во својата единствена сезона во клубот имал просек од 13.8 бода по натпревар. Во мај 2013 потпишал за порториканската екипа Метс де Гвајанбо, а само неколку месеци потоа го напуштил клубот и потпишал договор со Ураканес дел Атлантико на 17 јули 2013.[3] На 22 октомври 2013, Тиодор се вратил во Европа повторно турското првенство откако потпишал договор со екипата на Мерсин ББ.[4] Тој ја завршил сезоната со 12.3 бода во просек по натпревар, но не успеал да му помогне на тимот да избегне испаѓање.
Во јануари 2015 му се приклучил на францускиот клуб Бурж.[5] Тој одиграл 17 натпревари во француската ЛНБ Про А лига со просек од 12.7 бода по натпревар. По завршувањето на сезоната, Тиодор го напуштил клубот и потпишaл договор со германскиот прволигаш Скајлајнерс Франкфурт во септември 2015.[6] Со просек од 14.7 бода по натпревар Тиодор му помогнал на Скајлајнерс да стигне до титулата во ФИБА Еврокупот.
Следната сезона тој повторно се вратил во Турција каде потпишал договор со екипата на Банвит. Со клубот го освоил купот на Турција[7] и играл во финалето на првото издание на ФИБА Лигата на шампионите во кое Банвит загубил од Иберостар Тенерифе. Сепак, Тиодор бил избран за МВП на сезоната во ова натпреварување.[8]
На 15 јули 2017, Тиодор потпишал двегодишен договор со италијанската екипа Олимпија Милано.[9] На 24 септември 2017, Тиодор и помогнал на Олимпија Милано да триумфира во Суперкупот на Италија 2017 и бил избран за МВП на турнирот со 29 бода 7 скока и 5 асистенции.
Тиодор добил македонски пасош во 2017 година, и играл за македонската репрезентација во неколку пријателски натпревари.