АБФ (Образовно здружение на работници) е образовен дел на шведското работничко движење. ABF спроведува семинари, часови и студиски кругови на различни теми, вклучувајќи работилници, јазици и музика.
АБФ била основана на 16 ноември 1912 година, од страна на Шведската социјалдемократска партија и некои од синдикатите.[1] Денес, главни членови на АБФ се Социјалдемократите и Левицата.
Постојат локации на АБФ во речиси секој шведски град и неколку во поголемите градови. Нејзиното седиште е на Олоф Палмес гата, во близина на улицата Свеавеген во Стокхолм. Во Гетеборг, зградата на АБФ се наоѓа на Олоф Палмес Гата, во близина на плоштадот Јарнторгет.[2]
Наградата Моа (шведски: Moa-priset) е годишна книжевна награда која заеднички ја доделуваат АБФ и здружението Моа Мартинсон на личност која пишува во духот на Моа Мартинсон.[3] Наградата се доделува од 1989 година.[4]
|