Автопортрет на 13 години – цртеж со сребренка од Албрехт Дирер од 1484 година кој сега се наоѓа во музејот Албертина, Виена. Тој е првиот познат автопортрет на уметникот и еден од најраните автопортрети во европската уметност. Бил завршен две години пред Албрехт да го напушти учењето во ателјето на неговиот татко за да учи кај Михаел Волгемут, за кого брзо сфатил дека е вреден ментор, но ја немал неговата способност.[1]
Во текот на својот живот Дирер бил решително самоуверен и бил склон да се слави себеси, евидентен факт во неговите уметнички дела и записи.[2] Неговите три преживеани автопортрети биле завршени пред тој да наполни 30 години и му претходат на неговиот зрел период. Како и со другите автопортрети кои биле насликани, ова деле може да се толкува како израз на неговата свест и увереност во неговите уметнички способности, тон кој е посебно евидентен во неговиот ранозрел израз на лицето.[3] Дирер се претставува до половина, во профил, во поза тесно моделирана според портрет кој му се припишува на татко му, златар по професија.[2]
Левата рака на уметникот е крената, додека показалецот, горделив и како Христос, покажува на неопределено место вон рамката на сликата. Себеси се претставува во ласкаво свето, со долга коса, убав изглед, и (во тоа време модерно и индикативно за цртачите) елегантен и со издолжени прсти.[2] Осврнувајќи се на неговите релативно несофистицирани младешки цртежи, Дирер во 1528 година напишал дека дури и едноставните скици може да ја изразат „духовната суштина на уметниковиот креативен импулс“, дека надарен уметник може повеќе да изрази во обичен цртеж отколку просечен уметник за година дена сликање.[4]
Се верува дека Албрехт Постариот цртањето на автопортретот му го поставил предизвикувачка задача на син му.[5] Бил потпишан подоцна, на непознат датум, со зборовите „Ова го нацртав од огледало во 1484 година, кога сè уште бев дете. Албрехт Дирер.[6] Иако автопортретот е општо познат под насловот „На 13 години“, се знае дека бил завршен во 1484 година. Имајќи предвид дека е роден во мај 1471 година и дека не му дал име на делото, веројатно имал 12 години.[3][7]