Акашита

„Акашита“ (赤舌) прикажан во
Газу Хјакки Јагјоо од Торијама Секиен.

Акашита или акагучи (赤舌, бук. „црвен јазик“) е јапонски јоокаи, кој меѓу другото се појавува и во „Бусон јоокаи емаки“ на Јоса Бусон во Едо периодот. Тие се прикажани како ѕверови со канџести раце и многу влакнесто лице покриено со темни облаци, иако нивниот целосен облик е непознат. Во отворената уста има голем црвен јазик.

Нацртан е како ѕвер со канџести раце и влакнесто лице, а поголемиот дел од неговото тело е скриен во црн облак над браните. Се одликува со отворена уста и голем црвен јазик. Секиен не дал објаснување за овој јоокаи, но неговото потекло се идентификува како Акагучи кој се појавува во постарите свитоци за јоокаи од Едо периодот како Бакемоно но е. Овој јоокаи е познат како Акагучи и Акашита.[1]

Обично, тие не се прикажани во придружба на нешто друго освен црн облак, но во „Газу Хјакки Јагјоо“ од Торијама Секиен, тие се прикажани над на коморите за испуштање на вода од браните. Сепак, нема придружно објаснување, па деталите за ова се непознати. Во врска со името „акашита“, современиот книжевен научник Ацунобу Инада, меѓу другите, сугерира дека тие се поврзани со шакузецуџин (赤舌神) и шакузецуничи (赤舌日), кои ја штитат западната порта на Таи Суи (Јупитер) како што е објаснето во онмјоодоо учењето.[2]

Во сугороку играта од Едо периодот, „Џикаи Сугороку“ (во Националната парламентарна библиотека) и емакимоно свитокот Хјакки Јагјоо Емаки (Ода Гоочоо, 1832 г.), тие се прикажани со името „акашита“, но во приказите поблиску до подоцнежните споменати „акагучи“, тие се прикажани поинаку од сликата на Секиен и немаат никаков приказ заедно со брана.[3]

Во врска со тоа како има брана прикажана на сликата во „Газу Хјакки Јагјоо“ од Торијама Секиен, јоокаи истражувачот, Кацуми Тада и јоокаи новинарот, Кенџи Мураками, сметаат дека ова е еден вид на сликовито објаснување од Секиен. Според нив, „ака“ (црвена) може да се сфати како „ака“ (淦, насобрана вода, или вода што се собира на дното од бродовите) и „ака“ (垢, нечистотија), па затоа е метафора за валканост, а „шита“ (јазик) може да се сфати како „шита“ (下, долу, во овој случај значи нешто како длабочините на нечиј ум), така што може да се сфати како познатата изрека „јазикот (шита) е врата на несреќите“, што значи дека акашита е еден вид на Ракшаса бог, па сликата веројатно претставува дека сè додека нечија уста е отворена, тој никогаш нема да е благословен со добра среќа.

„Акагучи“ (あか口) од Хјаккаи Зукан
на Сауаки Сууши.

Во јоокаи емаки (свитоци со слики) колекциите од Едо периодот Хјаккаи Зукан (Сауаки Сууши, 1737 г.), „Бакемонозукуши“ (непознат автор и година, во сопственост на Кагаја Реи), „Бакемоно Емаки“ (непознат автор и година, во градскиот музеј Кауасаки), постојат прикажани јоокаи наречени „акагучи“ (赤口 или あか口) што се чини дека се моделирани според оној „акашита“ јоокаи нацртан од Секиен. Тие имаат широко отворена црвена уста (вклучувајќи го и јазикот), извиткани раце, влакнесто лице, кои се заеднички особини со ѕверот прикажан дека е покриен со црни облаци во „Џиккаи Сугороку“ и со оној „акашита“ на Секиен. Тие немаат претставено брана под нив.[4]

Според текстот од Едо периодот, Кијуу Шооран (嬉遊笑覧), може да се види дека еден од оние јоокаи што ги набројува е прикажан во „Бакемоно Е“ (化物絵) нацртан од Коохооген Мотонобу и запишан под името „акагучи“.[4]

Што се однесува до „акагучи“, Кацуми Тада се залага за идејата дека тие потекнуваат од „шаккооо/шакку“ (赤口) на „рокујоо“ (六曜, систем на среќни и несреќни денови).[4]

Изложби во Шооуа периодот

[уреди | уреди извор]

Во книжевноста, почнувајќи од Шооуа периодот, неколку објаснувања за акашита се појавиле во публикациите, но освен според изгледот, сите тие се изгледаат неповрзани со оние прикази од емакимоно и од Секиен. Следи грубо резиме на овие.

Белешките на Морихико Фуџисауа

[уреди | уреди извор]

Во „Јоокаи Гадан Зеншуу Нихон Хен“ (妖怪画談全集 日本篇, 1929 г.), од фолклорниот научник Морихико Фуџисауа, покрај „акашита“ сликата на Секиен објавена за илустрација, стои и следниот натпис:

Она што пристигнува и ги отвора вратите што ја мијат земјата од злобата, е баш ова чудно нешто -- „акашита“.
(何物か至りて関口を開き悪業の田を流す其主怪こそ赤舌なり)[5]

Ова во суштина наведува дека ја одмива земјата од злото. Овој наслов не доаѓа од Секиен или од кој било друг стар запис, туку е оригинално толкување на сликата од страна на Фуџисауа.

Објаснувачки текст на Арифуми Сатоо

[уреди | уреди извор]
Акагучи (Акашита) бакемоно но е,
Универзитет Бригам Јанг.

Во илустрираните наводи за јоокаи, „Јоокаи Даизукан (妖怪大図鑑, „Големи илустрирани наводи на Јоокаи, 1973 г.) и „Јоокаи Даизенка“ (妖怪大全科) од Арифуми Сатоо, постои објаснување дека тие се јоокаи што им ги исплазуваат јазиците на луѓето при црвеното вечерно небо и ги киднапираат.[6][7] Понатаму наведуваат дека семејствата на оние луѓе кои биле киднапирани од акашита подоцна ќе напредуваат во животот, но ништо што укажува на постоење на таква легенда не може да се најде од Секиен или старата книжевност.

Тоохоку Каидан но Таби

[уреди | уреди извор]

Во Тоохоку Каидан но Таби (1974 г.) од Норио Јамада пишува дека акагучи се појавил во земјоделско село во провинцијата Цугару во Аомори префектурата, и го решил спорот за водата за полињата. Почнувајќи од Шооуа ерата, приказната за акагучи што се појавува во регионот Цугару била широко користена во илустрирани наводи за јоокаи или книги со тематика за јоокаи, меѓу другите публикации, и сите тие се однесуваа на оваа приказна.

Се подразбира дека приказната за овој акашита што го решил спорот за водата се заснова на легенда од ова место, за некој стар спор за вода што се решил, но „акашита“ суштеството на Секиен подоцна било додадено во приказната.[3]

Акагучи се асоцира со користењето на вода во земјоделските земји.[1] Иако некои извори велат дека Акагучи е едноставно знак на лоша среќа, други го претставуваат Акагучи како заштитен дух.[8] За време на сушите, водата внимателно се контролира и подеднакво се дистрибуира до земјоделците во областа. Како форма на војување, некои би сифонирале над даденото количество вода за своите лични полиња. Ова било големо злосторство и можело да ги чини соседните земјоделци нивната егзистенција. Се верувало дека сторителите на ова злосторство што не е казнето со закон, ќе бидат казнети од Акагучи. Кога овие криминалци би дошле во близина на поплавните врати за наводнување, тогаш Акагучи би се појавил и би ги проголтал, собирајќи ги со својот џиновски црвен јазик.[9]

Името Акашита може да биде во корелација со шакузецуџин (赤舌神, бук. „црвенојазен бог“) кој ја чува западната порта на Јупитер, а може да биде поврзано и со shakuzetsunichi (赤舌日), ден на лоша среќа во учењето Онмјоодоо.

  1. 1,0 1,1 Mizuki, Shigeru (2014). Ketteiban Nihon yōkai taizen: Yōkai anoyo kamisama. Tokyo: Kodansha. стр. 32. ISBN 9784062776028.
  2. 稲田篤信・田中直日編, уред. (1992). 鳥山石燕 画図百鬼夜行. 高田衛監修. 国書刊行会. стр. 88頁. ISBN 978-4-336-03386-4.
  3. 3,0 3,1 村上健司編著 (2000). 妖怪事典. 毎日新聞社. стр. 6. ISBN 978-4-620-31428-0.
  4. 4,0 4,1 4,2 多田克己 (2000). 京極夏彦・多田克己編著 (уред.). 妖怪図巻. 国書刊行会. стр. 132–133頁、167–168頁. ISBN 978-4-336-04187-6.
  5. 藤沢衛彦 編『妖怪画談全集 日本篇』上 中央美術社 1929年 290頁
  6. 佐藤有文『妖怪大図鑑』 黒崎書店 1973年 156頁
  7. 佐藤有文『妖怪大全科』 秋田書店 1980年 136頁
  8. Yoda, Hiroko (2016). Japandemonium Illustrated: The Yōkai Encyclopedias of Toriyama Sekien. New York: Dover Publications, Inc. стр. 68. ISBN 9780486800356.
  9. Iwai, Hiromi (2015). Nihon no yōkai hyakka: Bijuaruban. Tokyo: Kawade Shobō Shinsha. стр. 153–155. ISBN 9784309226293.